По трагичната загуба на својот брат Драган, српскиот фолк пејач Дарко Лазиќ наоѓа утеха во семејството и секојдневните моменти со децата. Дарко, кој неодамна се врати на своите деловни обврски, споделил емотивни моменти од својот дом на Инстаграм.
Дарко споделил снимки на кои се гледа како ужива во играта, гледањето филмови и опуштањето со своите и со децата на Драган. Семејната атмосфера и смеата во неговиот дом покажуваат колку е важно за него да им даде на деца чувство на сигурност и љубов, дури и во овие тешки моменти.

Во видеата што ги сподели, Дарко открил и детали од својот дом. Во дневната соба доминира голем портрет од него и неговата сопруга Катарина, додека белиот клавир и ѕидот од палми внесуваат посебен шарм во просторот. Овие детали ја откриваат неговата посветеност на создавање топла и пријатна средина за семејството.

Инаку, Дарко го нападнаа затоа што се вратил на настапите по смртта на својот брат.
Дарко рекол дека тешко се справува со загубата на својот брат. Тој исто така истакнал и дека морал да се врати на пеењето.
– Не знам што да ви кажам… Го прифатив тоа, едноставно… Животот продолжува, а за жал понекогаш животот не е фер, но мојата работа е да пеам и морав да продолжам да пеам. Притоа, знам дека тој би бил првиот што не би сакал да престанам да пеам. Неодамна прочитав нешто, дека луѓето почнале многу да коментираат, како, „срам да ти е, не поминале ни 40 дена, веќе одиш да пееш…“. Само во себе си помислив, па чекајте, луѓе, дали вие имате малку почит и да напишете нешто такво? Сепак, морам да издржувам и три семејства – рекол Дарко и признал дека му е тешко додека пее, но дека мора да го издржува не само своето семејство, туку и семејството на неговиот покоен брат.
