13:21 - 2 април, 2026

(Фото) По веста за разводот: Карди Би е бремена со трето дете

31-годишната американска раперка Карди Би (Белкалис Марленис Алманзар) го чека своето трето дете. Убавата вест уметницата ја објави на Инстаграм.

Карди ја објави својата бременост по веста за разводот со раперот Офсет.

„Со секој крај доаѓа нов почеток! Многу сум благодарна што ја споделувам оваа сезона со тебе, ми донесе повеќе љубов, повеќе живот и што е најважно, ми ја врати моќта! Ме потсети дека можам да имам се! Ме потсети дека никогаш не треба да избирам помеѓу животот, љубовта и мојата страст! Те сакам толку многу и едвај чекам да бидеш сведок на она што ми помогна да го постигнам, на што ме поттикна! Многу е полесно да се преземат животните пресврти, кривини и тестови, но ти, твојот брат и твојата сестра ми покажавте зошто вреди да го надминам тоа!“, напиша уметницата.

Карда Би на новите фотографии позира во луксузен црвен фустан, покажувајќи го забележително заоблениот стомак, на позадината на ноќниот град.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cardi B (@iamcardib)

Раперката ја објави својата бременост еден ден откако поднесе барање за развод од Офсет по шест години брак, потврди претставникот на раперката за Пипл (People).

Бремената Карди Б бара старателство над нивните деца, двегодишниот син Вејв Сет и шестгодишната ќерка Калсе Киари. Не се знае точно кој е таткото на нероденото дете на музичарката.

 

 

Слични објави

(Фото) Тиркизен костим во спа-центар – Елена Велевска ја нарекоа „голема бомба“

Еспресо

Карлеуша жестоко удри по колегите што го поддржуваат Јаков Јозиновиќ: „Какви бедници, трчаат да му се додворуваат на безимен пејач“

К.С.

(Фото) Ленче Кукиќ и Виолета Томовска со емотивна слика од која зрачи љубов

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го прекина концертот во Белград, во публиката молк

Еспресо

(Видео) Емотивна семејна приказна – Огнен Здравковски откри по што жали

Еспресо

Весна Џогани со денови плачела во дом за деца без родители – ова е нејзината најболна исповед досега

E.A.
Се вчитува....