7.8 C
Скопје
19:38 - 30 март, 2026

(Фото) По борбата со алкохолизмот Ава Карабатиќ станува наставничка: Дава часови по латински, математика, италијански

Старлетата и поранешна натпреварувачка во ријалити шоу, Ава Карабатиќ, објави шокантен оглас во кој нуди услуги за подучување деца по различни предмети, како и помош при апстиненција од алкохол, со која и самата се бореше.

– Драги родители и ученици, доколку барате професионална поддршка и квалитетно подучување, знаете кому да се обратите. Нудам индивидуален пристап, прилагоден на вашите потреби, со цел подобро разбирање на материјалот и постигнување одлични резултати – напиша таа, додека во огласот наведува и дека „обезбедува помош при откажување од алкохол преку сопствено искуство“. Таа планира да наплаќа 50 евра на час за овие часови.

Оваа реклама на нејзиниот Инстаграм профил, сепак, беше дочекана со потсмев. Имено, Ава е позната по своите контроверзни изјави и однесување, но и по продажбата на своите експлицитни фотографии. Таа отворено проговори и за својата борба со алкохолот, што доведе до нејзино хоспитализирање.

Ова не е првпат Ава Карабатиќ да се обиде да тргне во поинаква насока. Имено, таа се кандидираше на парламентарните избори во Хрватска пред година и пол, и додека сите мислеа дека старлетата се шегува, таа беше сериозна во својата намера со слоганот „Отрезни се“.

Слични објави

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо

Мина откри како го запознала Огњен Амиџиќ: „Дојдов за работа и се зезнав“

Еспресо

Месечен хороскоп за април и среќни датуми за секој хороскопски знак

Еспресо

Ралe ја одложи операцијата на срцето поради нов здравствен проблем: „Не сум добро“

Еспресо

(Фото) Вака изгледа една од најубавите бугарски пејачки без шминка: Што се случува со носот на Преслава?

Е.А.

Ова е вонбрачниот син на Маринко Роквиќ кој живее далеку од Србија: Го откри вистинското лице вдовицата Славица

E.A.
Се вчитува....