15:29 - 1 април, 2026

(Фото) Памела Андрерсон „пука“ од сексапилност: Црвена креација од дизајнерот кој облекува само кралици

Ѕвездата на Baywatch и модел на Playboy, Памела Андерсон, излезе во тесен црвен фустан и на јавноста се претстави со синовите од нејзиниот поранешен сопруг, рок музичарот Томи Ли.

Минатиот понеделник, на 30 јануари, во Лос Анџелес (Калифорнија, САД) се одржа премиерата на филмот „Памела: љубовна приказна“ – документарен филм на Нетфликс за кариерата и личниот живот на Памела Андерсон.

Филмот го претставија режисерот Рајан Вајт, продуцентите Џулија Нотингем и Џош Браун, како и самата ѕвезда на „Baywatch“, Памела Андерсон.

55-годишната актерка во јавноста се појави во црвен фустан, кој ја истакнува нејзината фигура.

Секси фустанот е креација на индиско-американски моден дизајнер Наем Кан со седиште во Њујорк, познат по креациите дизајнирани за поранешната прва дама на САД Мишел Обама, но и за кралицата Нур од Јордан.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Pamela Anderson Style. (@styleofpam)

Таа беше придружувана од нејзините синови од нејзиниот прв сопруг, рок музичарот Томи Ли: 26-годишниот Брендон Томас Ли и 25-годишниот Дилан Џегер Ли.

Брендон, инаку, работеше и како продуцент на проектот.

Памела Андерсон беше во брак три пати. Рок-музичарот Кид Рок стана вториот сопружник на актерката, но нивниот брак траеше само една година, од 2006 до 2007 година. Таа беше во брак и со филмскиот продуцент Рик Саломон од 2007-2008 година.

Слични објави

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо

(Фото) Крајно непријатно – Азис не може да спие на стомак поради новите гради

E.A.

(Фото) По долго време, Искра Трпева ѝ се врати на старата љубов

msp-admin

Ана Николиќ e загрижена за здравјето на Рале: „Состојбата е сѐ полоша и полоша“

Еспресо

(Фото) Ирена Спировска во елегантен и гламурозен фустан, привлече внимание на посебен настан

Еспресо

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.
Се вчитува....