21.8 C
Скопје
10:04 - 12 септември, 2026

(Фото) Ова е првата сопруга на Џони Деп за која никој не знае: Со својата убавина го одзема здивот

Љубовниот живот на познатиот холивудски актер Џони Деп повторно стана главна тема за време на неговиот долг и болен правен спор со поранешната сопруга Амбер Херд.

Сепак, многумина заборавија дека 59-годишниот Деп веќе еднаш беше во брак. На самиот почеток на неговата кариера тој беше венчан со убавата Лори Деп. Дури многу подоцна следуваше неговата партнерка Ванеса Паради.

Лори Деп, родена како Лори Ен Алисон, се омажи за Џони Деп во 1983 година, а се запознаа преку нејзиниот брат, кој заедно свиреше во бенд со Деп. Лори тогаш имаше 25, а Џони само 20 години.

На почетокот парот живеел на Флорида, но потоа се преселиле во Калифорнија, а потоа полека почнале да се отвораат вратите на Холивуд за Деп.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Biography Celeb (@biographyceleb)

Сепак, се чини дека клучна личност за почетокот на кариерата на Џони била неговата прва сопруга Лори. Таа го запознала со Николас Кејџ, кој веќе ја добил главната улога во филмот „Девојката од долината“. Николас Кејџ го советувал Деп да почне размислува за глума, а Деп го послушал и почнал да чита и истражува за глумата колку што може повеќе, а посетувал и часови по глума. Кејџ подоцна му ја „средил“ улогата во „A Nightmare on Elm Street“.

Како што неговата кариера почна да напредува, а Џони ја доби првата главна улога во филмот „Приватно одморалиште“, неговиот брак почна да се распаѓа.

Во 1985 година, по само две години брак, парот поднел барање за развод, наведувајќи ги непомирливите разлики во каракр=терите. Иако се разделија пред повеќе од 30 години, Лори се уште го носи презимето на Џони Деп, кое го задржала по разводот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Adriel Aiyana (@moonlit.sonnets)

Со текот на годините, Лори се посвети на својата кариера на шминкерка и има многу познати клиенти и пријатели. Иако освен преку работата, не е премногу експонирана во медиумите, Лори има само пофални зборови за поранешниот сопруг. Во едно интервју таа рече: „Сите знаеме дека е талентиран актер, а улогата на пират беше одлична за него, сепак Џони е и одличен музичар“.

 

 

Слични објави

Шокантен потег на Душко Тошиќ! Ѝ пееше на Карлеуша, а сега ја изостави од сите фотографии на Инстаграм

Еспресо

(Фото) „Таа секогаш ќе биде моето прво дете“: Елена Ристеска за посебната врска со внуката Делфина

Еспресо

(Видео) Јована Јеремиќ и Тигар во страсни моменти на плажа: Разменуваа бакнежи додека сонцето заоѓаше

Еспресо

„Веќе 15 години немам таков луксуз да поканам некого на кафе“: Емина Јаховиќ за животот во странство

Еспресо

Три хороскопски знаци кои знаат да го скршат мразот во љубовниот однос

Еспресо

Драгана Мирковиќ разочарана од поранешниот сопруг: „Тони не сакаше да даде пари, рече дека тоа е моја одлука“

E.A.
Се вчитува....