07:39 - 12 март, 2026

(Фото) Ова е ненормално, тажно, болно: Бебе лежи на под во полна арена на концерт на Тејлор Свифт

Луѓето се згрозени од фотографија која се шири низ социјалните мрежи, а станува збор за бебе кое лежи на под на концерт на мегаѕвездата Тејлор Свифт. Маж стои покрај детето, но не се знае дали е тој родител кој дошол со бебето на концерт или е гостин на концертот кој случајно се нашол покрај бебето. Но зошто сепак не реагирал?

„Дефинитивно би повикал обезбедување во оваа ситуација бидејќи оваа средина не е безбедна за бебињата“, напишал корисникот кој прв ја објавил фотографијата на Икс.

принтскрин твитер

„Како мајка, не можам ни да замислам да однесам мало дете на концерт. Ако не можеле да најдат бебиситерка, требало да си земат носач и да ги заштитат ушите на бебето со слушалки“; „Како може некој да помисли дека е добра идеја да се донесе бебе на ваков настан“; „Ужасна глетка. Замислете колку е непријатно на едно дете во толку гласен и хаотичен простор. Не гледам смисла да се носат толку мали деца на концерти”; „Ова е болно и неодговорно“, се дел од коментарите.

Претставник на арената изјавил за „Пејџ сикс“ дека „општите услови за продажба велат дека сите малолетници, без разлика на возраста, кои имаат билет за концерт мора да бидат придружувани од возрасен. Децата под 18 години се одговорност на нивните законски старатели. За посетителите со малото дете на подот, беше предложен алтернативен распоред за седење, но беше одбиено“.

Веб-страницата наведува дека „деца под 4 години не се препорачуваат, дури и ако се придружени, особено поради бучавата“.

Слични објави

ВИДЕО | Јадев по 100 ќебапи на оброк и неколку кременадли: Пејачот Бојан Стојков ослабе 20 килограми

apostolova

Негативните мисли буквално го уништуваат нашиот мозок: Познат психијатар објаснува како да го прекинете тој круг

Еспресо

Кој беше помладиот брат на Дарко Лазиќ кој загина на мотоцикл? Јавноста немаше можност да ја чуе неговата авторска музика

Еспресо

Внуката на Милена Дравиќ проговори за Гага Николиќ на 10-годишнината од неговата смрт: „Нема таква љубов…“

Е.А.

Кија Коцкар ќе се мажи во Лас Вегас!: „На мојата венчавка ќе има само луѓе што ми се допаѓаат“

apostolova

(Фото) Здравко Чолиќ ја бакнува убавата хрватска мис, сопруга на Тарик Филиповиќ

Еспресо
Се вчитува....