17:29 - 10 ноември, 2026

(Фото) Оливера Балашевиќ во дрес на Аргентина го следеше Светското првенство со внукот во раце: „Фудбал и ние двајца“

Оливера Балашевиќ сподели емотивна фотографија со својот внук Ѓорѓе, покажувајќи како поминуваат време заедно во семејна атмосфера.

Семејството Балашевиќ неодамна се збогати со уште еден член. Синот на Алекса му го дал името Ѓорѓе на својот син, во чест на легендарниот дедо, музичарот Ѓорѓе Балашевиќ.

Фудбалската еуфорија по повод Светското првенство пристигна и во нивниот дом, па Оливера позираше во дрес на Аргентина додека во прегратка го држеше малиот Ѓоле.

По раѓањето на внукот, кој го доби името по нејзиниот сопруг, Оливера не ја криеше радоста и емоциите.

„Ѓоле се врати дома… Го повика срцето на една ‘провинцијалка’, баба која за својот утрешен роденден посака најубав подарок што небото може да го испрати. Добредојде, мало големо момче! Твојот дедо те чува од најсветлата ѕвезда, а баба веќе те чува со секое чукање на срцето“, напиша таа.

Оливера упати и трогателни зборови до својата снаа Николина, заблагодарувајќи ѝ за радоста што ја донела во семејството.

„Ти благодарам за оваа неискажлива радост и за твојата тивка, чудесна сила со која подаруваш живот. Те гледам како нашето засолниште и патоказ, а сега и на ова мало суштество цел свет. Постои некое возвишено достоинство во твојата добрина и нежноста со која сите нѐ прегрнуваш. Ти благодарам што си наша, што си храбра и што внесе толку светлина во нашиот семеен круг“, напиша Оливера.

Слични објави

Си зедов дама родена, уф, што ми е погодена – „Ѕма, Ѕма, Ѕм“ повторно живее, Дац и Александар го вратија хитот од 1978 година во чест на Славе Димитров

Т.Ц.

Утре се отвора моќниот портал 11:11, ден за исполнување желби и нови почетоци — eве што треба да направите

К.С.

Здравко Чолиќ по девет години го објави новиот албум „Мечтаам и простувам“

Е.А.

(Фото) Како холивудска дива — Светлана Црнокрак во црна тоалета со откриени рамена на јубилејот на Карпош

К.С.

Зошто во ноември постојано сме уморни и без волја? Овие знаци можат да укажуваат на сезонска депресија

К.С.

Трета среќа – Игор Којиќ во тајност се ожени со избраничката која го носи неговото дете

Еспресо
Се вчитува....