5.8 C
Скопје
00:49 - 1 април, 2026

(Фото) Новите родители Ал Пачино и Нур излегоа во јавност: Таа изгледа неверојатно убаво

Неодамна станаа родители, но тоа не ги спречи Ал Пачино и неговата 29 годишна девојка Нур Алфалах да излезат во јавност.

83-годишниот Ал Пачино и неговата девојка Нур Алфалах (29) биле забележани во јавност за прв пат по раѓањето на нивното дете, пишува Page Six.

Ѕвездената двојка вечерала во ресторанот на хотелот Сансет Тауер, кој се наоѓа во Западен Холивуд.

Пачино и Алфалах се појавија во слични тотално црни модни изгледи. Очевидците забележале дека и покрај неодамнешното породување, избраничката на актерот била во добра форма а тоа го покажа облечена во црни хеланки.

твитер

Да потсетиме дека веста за раѓањето на уште еден наследник на ѕвездата од „Кум“ се појави на 16 јуни. Според изворите, Пачино и Алфалах добиле син кој го крстиле Роман.

За актерот ова дете е четврто.Пачино веќе ја има 33-годишната ќерка Џулија Марија, како и близнаците, 22-годишниот Антон Џејмс и Оливија Роуз. За Алфалах пак, ова е прво дете.

Познато е дека Нур не е рамнодушна кон постарите мажи. Пред Пачино се забавуваше со 78-годишниот Мик Џегер и 91-годишниот Клинт Иствуд. Во исто време, тешко е да се нарече ловец на туѓи пари. Алфалах е родена во богато семејство и е наследничка на богатство од повеќе милиони долари.

твитер

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....