14:47 - 3 април, 2026

(Фото) Нови детали за романсата на Том Брејди и Ирина Шајк: Спортистот ја поканил моделката да долета во Лос Анџелес

Во последниве неколку дена одекна веста за извесна романса меѓу американската спортска ѕвезда Том Брејди и рускиот супермодел Ирина Шајк. Инсајдер за таблоидот „Пејџ сикс“ им раскажал на новинарите дека Том Брејди е во „случајна“ романса со Ирина Шајк.

„Ова е нешто ново и во моментов е сосема несериозно“, вели извор за Пејџ сикс.

Сепак, шпански и американски медиуми сугерираат дека има нешто повеќе од „несериозна врска“. Имено, Брејди ја поканил Ирина Шајк да долета во Лос Анџелес каде се сретнале изминатиот викенд. Додека Шајк живее во Њујорк со нејзината шестгодишна ќерка Леа, поканата сугерира растечка врска меѓу двајцата по неколку недели разговори (и евентуални тајни средби) и забележлива искра меѓу двајцата.

Се вели дека токму Шајк е таа која прва го покажала интересот за спортистот. Таа буквално го бркала Брејди на свадбата на која и двајцата присуствувале во мај, и едвај го испуштала од поглед.

Ексклузивните фотографии до кои дојде пак, Пејџ сикс ги прикажуваат Брејди и Шајк како уживаат во друштво во Лос Анџелес, со широки насмевки на лицата. Биле видени како се галат во автомобилот на Брејди, а наводно петокот и саботата вечерта ја поминале заедно во една вила.

За прв пат, гласините за романсата на 37-годишната Ирина Шајк и 45-годишниот Том Брејди се појавија во јуни, откако парот се запозна на свадбата на милијардерот Џо Нахмад и моделот Медисон Хедрик на островот Сардинија. Потврда за можна романса беше видеото што го објави Дејли Мејл на 24 јули –  во видеото, Том ја гали по лице Ирина додека седат во автомобил во близина на домот на еден рагбист во Калифорнија.

Ирина Шајк ја одгледува својата шестгодишна ќерка Леа со актерот Бредли Купер. Тие раскинаа во 2019 година по четири години романса.

Во септември 2022 година, Том Брејди се разведе со сопругата, бразилскиот супермодел и поранешен ангел на Викторија Сикрет. Жизел Бундхен. Ѕвездите беа во брак повеќе од 12 години. Поранешните сопружници имаат две деца: 13-годишниот син Бенџамин Рајн и 10-годишната ќерка Вивијан Лејк.

Претходно, Ким Кардашијан предизвика гласини за афера со поранешниот сопруг на Жизел Бундхен. Но ни таа не е единствена која ја поврзуваа со суперѕвездата Брејди. На листата на заинтересирани во извесен период се најде и глумицата Рис Витерспун која исто така наводно била на романтична дестинација со Брејди. Која е вистината, ќе почекаме па ќе видиме.

Слични објави

Јаков Јозиновиќ го распродаде осмиот концерт во белградскиот Сава центар за 15 минути, па најави и деветти

A.J.

„Заљублив сум по природа“: Јаков Јозиновиќ е вистински шармер, а сега откри дали има посебна личност во неговиот живот

К.С.

(Видео) Мажена, па разведена со две деца: Стојне Николова изненади со нова приказна

Еспресо

(Фото) Александра Пријовиќ во луксуз од 50.000 евра – дијаманти од 43.700 евра и чанта од 8.900 евра

Еспресо

По долго време, се огласи пејачот Ѓорѓи Крстевски со посебен повод

Еспресо

(Видео) Стара снимка од Здравко Чолиќ од теретана го „запали“ интернетот – вака вежбал легендарниот пејач на времето!

К.С.
Се вчитува....