18:11 - 5 мај, 2026

(Фото) Ноне гордо го покажа деколтето, животот на брод ѝ годи

Ноне Неделковска објави слика на која со гордост го покажа своето деколте. Некогашната пејачка која долги години работи на брод уште изгледа добро како во времето кога беше активна на македонската музичка сцена и пееше на фестивалите.

Таа објави слика на која гордо ги покажа облините. Претходно, Ноне сподели дека бродот ја посетил нејзиниот брат.

Фото/Инстаграм

Шармантната пејачка од Велес, која одамна не е многу активна во музиката, и неполни 13 години работи на бродови, лани наполни 39 години. По повод својот роденден, Ноне раскажа личен дел од својата животна приказна:

Фото/Инстаграм
-Имав среќа да посетам 75 земји, прво преку мојата музичка кариера , а потоа работејќи на крстосувачки бродови – најдобрата одлука во мојот живот!
Светот ми даде повеќе од само знаменитости – ми даде лекции, перспективи и подлабока љубов кон луѓето насекаде. Ниту една фотографија или видео не може да ги долови емоциите од тоа што го гледам со свои очи.

Патувањето ме трансформираше, го обликуваше начинот на кој го гледам животот и ме направи подобра личност.

Преостанатите делови од светот, сонувам да ги истражам со мојата посилна половина и, ако Бог даде, со моите деца. За авантурите зад мене и за оние што сè уште ме чекаат“, напиша велешанката на Фејсбук.

Слични објави

(Фото) Мали модни трикови за моќен впечаток – инспирирајте се од новата колекција на Glam and Glow

Еспресо

Ана Бекута замина на концертот на Тереза Кесовија во Сплит — емотивна средба на двете пејачки

Еспресо

Конечно се разбраа – Блејк Лајвли и Џастин Балдони постигнаа спогодба и го затворија судскиот процес

Еспресо

Француски компир: Кулинарски класик што не излегува од мода и е совршен за брз ручек

Т.Ц.

Елена Велевска има голема причина за среќа-ќерката Софија станува актерка

Еспресо

Сè било маркетинг? Поранешниот „од 4 до 7“ дечко на Дара Бубамара се „пере“ од скандалот со експлицитната снимка

Еспресо
Се вчитува....