29.2 C
Скопје
20:03 - 29 јуни, 2026

(Фото) Незаборавен луксуз на свадбата на принцот Абдул Матин од Брунеи: Оваа убавица го освои срцето на најпосакуваниот ергн во Азија

Свадбата на, до неодамна најпосакуваниот ерген во Азија ќе трае до 16 јануари. А официјалната свадбена церемонија веќе се одржа.

Се венчаа принцот Абдул Матин, 32-годишен член на кралското семејство на Брунеи и неговата 29-годишна свршеница Аниша Росна. Официјално, свадбените веселби ќе траат 10 дена и ќе завршат на 16 јануари. Принцот на својот Инстаграм веќе сподели фотографии од луксузната церемонија во главниот град Бандар Сери Бегаван, пишува Elle.

Свадбената церемонија се случува по сите обичаи и традиции. Прво, семејството ја нанесува миризливата паста на рацете на младенците и им посакува среќен, плоден и богат семеен живот.

На церемонијата Абдул Матин и Аниша се појавија во традиционална црвена облека. Главата на Аниша беше украсена со огромна златна круна, а беше и покриена со црвен превез. Потоа беше отстранет превезот, откривајќи го нејзиното лице и луксузниот накит во преден план.

инстаграм

Невестата носеше масивни златни алки на зглобовите, а својот изглед го комплетираше со црвени чевли на високи потпетици.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mateen (@tmski)

Пред овој ден, Аниша веќе покажа две луксузни венчаници. Облечена во традиционална брунејска облека со покриена глава, таа го покажа својот голем дијамантски веренички прстен.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Teh Firdaus (@tehfirdaus)

А во бел фустан од тантела со бел превез, таа ги прегледа свадбените подароци и позираше за официјални фотографии.

инстаграм

Прославите ќе траат до среда, а финалето на свеченоста ќе биде банкет, на кој се очекува да присуствуваат членови на кралски семејства од целиот свет.

Принцот Абдул Матин бил еден од најпосакуваните ергени во Азија и во светот пред да ја запознае својата невеста, иако малку се знае за тоа како се развивала нивната врска. Принцот Матин е четвртиот син и десеттото дете на султанот Хасанал Болкиах (77) и неговата поранешна втора сопруга Маријам Абдул Азиз (67).

Матин е шести во редот за тронот, но можеби најпопуларниот член на семејството, кое е познато по своето чудесно богатство и скандалозните лудории. На пример, чичкото на Матин имаше цел харем, за кој една од жените од харемот напиша книга.

инстаграм

Принцот е опишан како пријатен млад човек, вешт поло играч и успешен коњаник. Тој моментално служи како пилот на хеликоптер во воздухопловните сили на Кралството Брунеи и има чин мајор. Матин често го придружува својот татко на патувања во странство.

Аниша Росна потекнува од семејство на дипломати, нејзиниот дедо бил советник на султанот. Аниша е претприемачка кој аводи компанија за свилена облека Silk Collective, но има и компанија за планирање одмори.

 

Слични објави

На својата голема љубов Владо Јаневски ѝ напишал песна за пет минути: „Седни кај нашата река и замижи“

Еспресо

Џејла Рамовиќ за Јаков Јозиновиќ уште пред да ја потврдат врската: „Со сите се карам ако некој зборува лошо за него“

Еспресо

Утре пред арената „Борис Трајковски“ обожавателите со песна ќе му оддадат последна почит на Владо Јаневски

Еспресо

„Ќе ми недостигаат нашите разговори за книги, музика и живот“: Елена Ристеска со емотивни зборови за Владо Јаневски

Еспресо

(Фото) Дарко Лазиќ не изгледа исто – донесе одлука по смртта на братот: „Се променив целосно“

Еспресо

Голем неделен хороскоп од 29.6.2026 до 2.7.2026

Т.Ц.
Се вчитува....