16.8 C
Скопје
20:08 - 22 октомври, 2026

(Фото) Неверојатно убава: На оваа Балканка и Нејмар ѝ ги „лајкнува“ фотките, а не е ни манекенка ни инфлуенсерка

Не, не се само жените на славните фудбалери вистински убавици.

А овојпат не станува збор ни за манекенка ни ту за инфлуенсерка.

Станува збор за  Ана Марија Марковиќ.

Со што се занимава? Таа е хрватска фудбалерка. Ана Марија Марковиќ го привлече вниманието дури и на Нејмар кој на Инстаграм „лајкуваше“ нејзина фотографија во хрватски дрес, а за неговиот потег напиша и британски „The Sun“.

Марковиќ ја објави фотографијата со порака за поддршка на хрватската репрезентација по поразот од Аргентина, а за само еден ден фотографијата собра речиси половина милион лајкови. Меѓу лајковите беше и оној на Нејмар.

Убавата 23-годишна девојка е родена во Швајцарија и игра фудбал од детството. Од 2020 година настапува и за првата лига на швајцарскиот „Grasshopper“, а сите погледи беа вперени во неа кога постигна гол за одење на Светското првенство во Пула.

На Инстаграм има повеќе од 1,6 милиони следбеници со кои често споделува фотографии од фудбалските терени и од приватниот живот.

Таа во неодамнешното интервју за „20Минутен“ откри дека се допишувала со Нејмар.

– Во контакт сум со фудбалери, сепак ја работиме истата работа. Се допишуваме, но само на фудбалска основа. Нејмар е извонреден фудбалер. Се надевам дека ќе успеам да го убедам да навива за женскиот фудбал и дека ќе може да го одработи својот дел надвор од теренот за да го популаризира женскиот фудбал – изјави Хрватката Марковиќ.

Слични објави

Рада Манојловиќ првпат проговори за гласините дека купила стан и автомобил

Еспресо

(Фото) Игор Џамбазов ја гризе Ивана Кнез за стапалото: „Животот е поубав од филм, ако умееш да го живееш“

К.С.

(Видео) Објавена снимка од тајната венчавка на Николијa и Реља: Заводливо танцуваа, а пејачката блескаше во елегантна венчаница

apostolova

(Видео) Карлеуша уловена како се бакнува со 25 години помладиот Александар!

Еспресо

(Фото) Даниел Кајмакоски го прослави 43-тиот роденден со семејството — сопругата Марина го опсипа со бакнежи

К.С.

Јаков Јозиновиќ отворено за восхитувањето кон Чолиќ и Мерлин и за познанството со Џејла Рамовиќ: „Таа прва ми пријде“

Е.А.
Се вчитува....