01:48 - 11 ноември, 2026

Оригиналниот E.T. на аукција за само три милиона долари

Оригиналниот механички модел на филмскиот класик „E.T. the Extra-Terrestrial“ на Стивен Спилберг од 1982 година ќе биде понуден на наддавање под наслов „Icons and Idols: Hollywood“, кое што го организираат аукциските куќи Julien’s Auctions и Turner Classic Movies (TCM), а се совпаѓа со четириестгодишнината од снимањето на филмот.

Моделот има 85 механички зглобови и на него речиси сѐ се движи, од очите и вратот и секако оној долг шилест прст со кој својот нов пријател Елиот го извести дека сака да „телефонира дома“. Со него управувале 12 професионални аниматори.

Се смета за инженерско ремек-дело, а изворно го создаде италијанскиот дизајнер за специјални ефекти Карло Римбалди. Се проценува дека на аукцијата ќе постигна цена од околу три милиона долари.

„Екипа куклари помогна вонземјанинот да оживее и да комуницира со своите мали пријатели Елиот (Хенри Томас) и неговата помлада сестра Герти (Дру Баримур), потсетува Мартин Нолан, директор во Julien’s Auctions.

„Филмските творци работеа деноноќно за да го создадат она што го гледате… бидејќи не станува збор за создавање на визуелното. Дру, која тогаш беше мало девојченце, веруваше дека тој е навистина жив“, додава Нолан.

Слични објави

(Фото) Сара Јо го прослави 33. роденден во друштво на најблиските, а Алексеј Бјелогрлиќ не ја испушташе од прегратка

Еспресо

(Фото) Елеганција во црвено — Анета Љумаковска во впечатлив костум покрај сопругот на „Фолк фест Роса“

К.С.

(Видео) Мијата со симболичен подарок ѝ пренесе на Емели Санде дел од македонската традиција

Еспресо

Ѓина Џиновиќ со емотивна порака ѝ го честиташе роденденот на мајка си Мелина: „Ти си мојот најголем пример…“

apostolova

Колегите ја обвинија Мина Костиќ за кражба: „Зеде 500 евра, ја бркаа по град и бегаше на помошен излез“

Е.А.

Си зедов дама родена, уф, што ми е погодена – „Ѕма, Ѕма, Ѕм“ повторно живее, Дац и Александар го вратија хитот од 1978 година во чест на Славе Димитров

Т.Ц.
Се вчитува....