4.8 C
Скопје
21:56 - 20 февруари, 2026

(Фото) Неда Украден го прослави роденденот во бикини: Никој не би ѝ дал на балканката Тина Тарнер 73 години!

Легендарната Неда Украден вчера го прослави својот 73 роденден, а поради неверојатниот изглед важи за „најубавата баба на Балканот“

Таа секое лето на социјалните мрежи со задоволство покажува фотографии на кои позира во костими за капење, а ниту годинава не беше исклучок.

Овојпат своите фанови ги почести со едноделен костим за капење. На главата носеше трендовска сламена капа и очила за сонце, а балканската Тина Тарнер, како што ја нарекуваат, се насмевнува на камерата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Neda Ukraden (@neda.ukraden)

– Би можела да ви напишам сто реченици зошто е добро да се слави роденден денес на оваа возраст! Но, нема потреба. Сè е јасно! Одам да славам! На здравје, – напиша познатата пејачка покрај фотографијата направена во Бока Которска, а и овојпат воодушеви многумина со својата завидна фигура во осмата деценија од животот.

Неда моментално ужива во својот семеен дом каде деновите ги минува во друштво на семејството кое, како што постојано има изјавувано, е нејзиниот најголем адут. Инаку, ден претходно ги дувнала свеќите со најмладите наследници Александар, Неда и Душан, а се претпоставува дека зад фото-објективите биле нејзината ќерка и зетот.

 

 

Слични објави

Ела Дворник објави ретки фотографии со ќеркичката, имаат голема причина за славење

Еспресо

(Видео) Северина му го честиташе 14. роденден на синот: Минав низ бури само за да те прегрнам

Еспресо

Наташа Беквалац конечно проговори за Мина и Каспер! Еве што вели за тоа дека сакал да се ожени со неа…

Еспресо

(Фото) Девојката со крилја е бремена, го очекува второто дете! 

Еспресо

(Фото) Азис си стави силикони, па се огласи од болничкиот кревет: „Со текот на времето ќе се намалат“

Еспресо

Алиса Милано се прости со Ерик Дејн: „Имаше остар ум и сакаше да ги изненадува луѓето“

Еспресо
Се вчитува....