23.8 C
Скопје
18:40 - 7 октомври, 2026

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Дали сте чуле за гинекомастија?

Статистиката покажува дека еден од тројца мажи помлади од 40 години имаат проблем со одреден степен на гинекомастија.

Д-р Живорад Коцевски, Специјалист по пластична реконструктивна и естетска хирургија

Гинекомастијата е често пореметување на ендокриниот систем, при кое се случува неканцерозно зголемување на градите кај лица од машки пол. Дојките и кај двата пола се подложни на хормонални влијанија. Секако овие влијанија се одразуваат во помала мера кај машката популација, така што и кај нив може да се појавуват истите болести како и кај женските гради, но многу поретко.

Дојките кај мажите се рудиментен орган. Градени се од масно ткиво, мало количество сврзно ткиво и недоразвиени изводни канали кон брадавиците. Најчест проблем кој се јавува кај дојките на мажите е токму гинекомастијата, која претставува еднострано или двострано зголемување на машките дојки на сметка на епителното и стромалното ткиво. Како физиолошка појава се среќава во неонаталниот период под влијание на хормоните на мајката, во пубертетот поради појавата на физиолошките хормонални промени, но може да се случи и во староста. Доколку се појави во друг период, треба да се направат дополнителни испитувања. Причината за појава на гинекомастија можат да бидат хипертрофија или зголемување на жлездениот паренхим на дојката и собирање на депозити во поткожното масно ткиво. Во педесеттата година од животот, речиси половина од машката популација има зголемени гради.

Лабораториски иследувања

Спроведувањето на лабораториски тестови се прваи по приоритет. Вообичаено се почнува со:

Серумски тестостерон и глобулин што се врзува за полови хормони (sex-hormone binding globulin SHBG ) (+ пресметан слободен тестостерон).

Серумски естрадиол.

Серумски лутеинизирачки хормон (LH).

Серумски TSH.

Серумски бета-hCG.

Пред да се донесе одлука, првенствено е потребно да се направи ЕХО на дојките, а потоа со комплетните хормонски анализи потребен е преглед од страна на специјалист ендокринолог. Доколку ендокринологот донесе заклучок дека гинекомастијата е операбилна, во натамошниот тек се спроведува хируршки третман.

Хируршки третман за гинекомастија

Хируршкиот третман кај гинекомастијата се однесува на отстранување на ткивото во предел на дојките. Во зависност од самиот тип на гинекомастија односно дали е во прашање липомастија или гинекомастија, можни се две оперативни процедури:

Липосукција

Периареоларна екстирпација на жлездата на дојката

Липосукција претставува оперативна процедура каде што по спроведена инфилтрација, со помош на канила и под вакум, се извлекува масната компонента во предел на дојката.

Екстирпацијата на жлездата претставува хируршка процедура каде што по направен полукружен рез во предел на брадавицата, се спроведува препарирање на жлезденото ткиво на дојката, а потоа истото се одстранува. По спроведената екстирпација на жлезденото ткиво на дојката, потребно е на ткивото да се направи патохистолошка анализа со цел поставување на дефинитивна дијагноза.

Често поставувани прашања

Колку трае операцијата на гинекомастија?
Времетраењето на операцијата е од 60-90 минути

На која возраст најдобро е да се оперира гинекомастија?
Гинекомастијата најдобро е да се оперира по завршување на пубертетот, односно во адолесценцијата.

Дали пациентите со гинекомастија имаат поголем ризик за развој на карцином на дојка?
Гинекомастијата не претставува преканцероза, односно не постои научно докажана поврзаност меѓу гинекомастија и ризикот за развој на карцином на дојка.

Во која анестезија може да се направи операцијата на гинекомастија?
Во зависност од клиничката слика на пациентот, гинекомастијата може да се направи и во локална анестезија доколку дојките не се волуминозни.

Дали операцијата е болна?
Во постоперативниот период се спроведува аналгетска терапија со која се намалува болната сензација.

Тимот на Клиника „Жан Митрев“ ви стојат на располагање, закажете консултација на 02 3091 484

Слични објави

По Анабела Атијас и Гаги Ѓогани оди на операција – отворено зборуваше за својата здравствена состојба

Еспресо

Фитнес тренерите Софија и Марио ќе станат родители — yбавата вест ја открија на плажа во Дубаи

К.С

Јелена Розга откри што сменил Иван Хуљиќ поради неа: „Многу сум горда на него“

Еспресо

Ѝ украле куп пари, а син ѝ ја спасил од дното — пејачката Деси Слава банкротирала откако била измамена

E.A.

(Видео) „Доаѓаш во Пекинг како турист, а потоа се сретнуваш со Ноле“: Кнез ќе заплачеше од среќа кога се поздрави со српскиот тенисер

Еспресо

Направете го ова со радијаторите пред почетокот на грејната сезона — може да ви помогне да заштедите на сметките

К.С.
Се вчитува....