12.8 C
Скопје
12:10 - 28 октомври, 2026

„Тоа е американска работа“: Ед Ширан мисли дека е недостоен за настап на „Супербоул“

Instagram

Ед Ширан смета дека не е соодветна личност за настап на полувремето на „Супербоул“, најгледаниот спортски настан во САД.

Хитмејкерот инсистира на тоа дека свирењето на култното полувреме или халфтајм шоу – со претходни изведувачи како Мајкл Џексон, Принс, Ријана, Бијонсе – е американска работа што навистина не одговара на неговиот соголен стил.

Во поткастот на Енди Коен (Deep and Shallow Podcast) тој рече: „Сте ги гледале Принс, Мајкл Џексон, Кети Пери, Лејди Гага, Ријана, Бијонсе… сите овие неверојатни изведувачи – едноставно, не сум тоа“.

„Нема да имам танчари на сцената. Нема да имам огномети и бла, бла… Едноставно, не можам, тоа не сум јас“.

„Не верувам дека некој сака да ме види како настапувам на ‘Супербол’“.

32-годишниот музичар се пошегува дека би можел да носи светки на себе, но само како гостин.

Слични објави

Аца Амадеус шокираше со признанието за тетоважите на лицето: „Секоја ми помогна да не убијам некого, а оваа ја направив од стрес“

Е.А.

Маја Саздановска објави ретка фотографија со ќерката Срна, која сама ја одгледа по смртта на сопругот

Еспресо

Салеп како од старите слаткарници — четири рецепти за најубавиот топол напиток во студените денови

К.С.

(Видео) Тино Костадиновски ја омажи сестра си — актерот расположен на свадбата, Влатко Миладиновски ја крена атмосферата

К.С.

Дневен хороскоп за 28 октомври: Не ветувајте повеќе отколку што можете да исполните

apostolova

(Фото) Ксенија Николова се врати во маалото каде што пораснала: „Мислев дека овој парк е целиот свет“

К.С.
Се вчитува....