13:50 - 1 април, 2026

(Фото) „Нашето пријателство станува посилно“: Сопругата на Зеленски се сретна со кралот Чарлс III

Сопругата на претседателот на Украина Володимир Зеленски, Олена лично се сретна со британскиот крал Чарлс Трети во католичката катедрала во Лондон. Таа ја сподели фотографијата на социјалните мрежи.

„Имав чест лично да се сретнам со неговото височество кралот Чарлс III, кој ја посети католичката катедрала во Лондон. Ова не е прв пат неговото височество да одвои време да го поддржи народот на Украина“, напиша Зеленска.

На сликата сопругата на претседателот на Украина се ракува со кралот и со него ја посетува катедралата.

Таа во име на сите Украинци се заблагодари за помошта што Обединетото Кралство ја дава на Украина.

„Овде во Лондон, на секој чекор, за време на секоја средба, чувствувам како оваа поддршка станува посилна – и нашето пријателство станува посилно“, напиша Зеленска на објавата на Инстаграм.

Слични објави

Ана Николиќ e загрижена за здравјето на Рале: „Состојбата е сѐ полоша и полоша“

Еспресо

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо
Се вчитува....