15:46 - 5 декември, 2025

(Фото) На Бен Афлек и Џенифер Лопез бракот им виси на конец: Експертка за говор на тело ја објаснува причината за нервозата на глумецот и уплашеноста на пејачката

Кога првпат беа во врска ѕвездите Бен Афлек и Џенифер Лопез, Афлек едноставно не можеше да остане во чекор со папараците кои демнеа околу него и Џенифер Лопез и реши да ја прекине врската со славната пејачка. Но папараците продолжија да ја прогонуваат двојката во секоја прилика и денес, по повеќе од 20 години. На тоа прашање навистина ништо не се промени. Бен и Џеј Ло решија уште еднаш да се обидат во љубовта, па дури и направија венчавка. Но, најновите интеракции меѓу двојката во јавноста даваат мала претстава низ што поминува Бен Афлек со неговата нова сопруга. Во текот на минатата недела, имаше неколку клучни моменти кои открија што навистина би можело да се случува меѓу двете славни личности.

Првата јавно покажана нервоза од страна на Бен беше кога тој ѝ ја тресна вратата од автомобилот на Џенифер додека папараците беа блиску до нив и се обидуваа да ги фотографираат. Афлек не изгледаше баш расположен, напротив, а не за време на премиерата на филмот „Мајката“ (The Mother) во кој глуми неговата сопруга, нервозата му се читаше дури и од лицето. Во одреден момент Бен делуваше уште повознемирено и ѝ „списка“ на Џенифер Лопез пред сите. Сцената се случи на црвениот тепих на премиерата на филмот и беше забележана од фановите, па предизвика шок на социјалните мрежи. Фановите заклучија дека очигледно, Бен Афлек почнува да покажува слично однесување како од времето во кое првпат беше во врска со Џенифер Лопез. Не е тешко да се сфати дека Бен Афлек сака повеќе приватност отколку што ја добива.

Англиски The Mirror ангажираше експерт за говор на телото кој зборуваше за интеракциите на Бен Афлек и Џенифер Лопез. Џуди Џејмс е убедена дека овие два испади на глумецот би можеле да бидат показател дека парот е осуден нивната врска да не трае уште долго.

„Нивната претходна разделба ја остави Џенифер со „скршено срце“ и таа тогаш се изјасни дека  „да се биде под опсада“ од новинарте им предизвикало проблем како двојка“, објаснува Џени и вели дека „Бен е доволно збунет“ и сега, и затоа ѝ ја треснал вратата на Џенифер. Но експертката за говор на тело вели и дека глумецот е нервозен што е постојано под окото на папараците, дури и кога оди да испие кафе.

Џуди го образложува гестот на Бен според говорот на телото: „Бен се движи пред Џенифер и се чини дека расположението одеднаш му се смени. Ја отвора вратата од автомобилот за неа, но не успева да ја погледне додека се качува внатре, па потоа ја погледнува пред да ја затвори вратата. При трескањето на вратата тој изгледа драматично и луто, иако се чини дека нервозата е предизвикана и насочена кон фотографите, со кои тој продолжува да комуницира и да гестикулира се додека да стигне до својата страна од автомобилот“.

Џуди нагласува дека според говорот на телото на Џенифер таа изгледа загрижено, веројатно поради истите притисоци што доведоа до прекин на нивната прва свршувачка.

 

Слични објави

Нови детали од разводот: Ана Ивановиќ и Бастијан не сакаат да се сретнат по никоја цена!

Еспресо

Халид Муслимовиќ пред самиот концерт завршил на инфузија! Еве што му се случило…

Еспресо

Саша Ковачевиќ ја разоткри Емина Јаховиќ! Ваков лут поради нејзината лага досега не сте го виделе!

Еспресо

(Фото) Димитар и Маја како деца останаа без татко во Битола, ова жена ги одгледа: Денеска на посебен начин ѝ заблагодарија

Еспресо

(Видео) И небото „заплака“: Познатиот музичар ја отсвири најтажната балада на гробот на Џеј Рамадановски на дожд

Еспресо

(Фото) Само тој ова го може: Сања го испофали Слаткаристика

msp-admin
Се вчитува....