12.8 C
Скопје
11:10 - 4 мај, 2024

(ФОТО) Може да ѝ биде внук: Шер има нова љубов, фатена рака под рака со младиот продуцент Александар Едвардс

Пејачката Шер (родена 1946) повторно најде љубов: таа беше уловена од папараците заедно со музичкиот продуцент Александар Е.А. Едвардс (роден 1986 година), поранешен дечко на Амбер Роуз. Двајцата се држеа за рака за време на една вечер помината во Холивуд.

Според кадрите, Шер поминала една вечер во ресторанот Крег во Холивуд, а внатре ја чекале Александар (A.E) и Tygа. Кога пристигнала во клубот, музичкиот продуцент излегол да ја придружува внатре и ја фатил за рака на патот до масата. Малку подоцна, малата група одлучила да го помине остатокот од вечерта во друг клуб, заедно со други пријатели.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Site Cher Brasil (@sitecherbrasil)

Шер и Александар Едвардс отишле во ист автомобил и на задното седиште тој и ја бакнувал раката на ѕвездата.

А.Е. во минатото имаше врска со манекенката и актерка Амбер Роуз, со која го доби и синот Слеш, кој сега има 3 години. Двајцата почнаа да се забавуваат во 2018 година, но врската се распадна неколку години подоцна поради изневерување: музичкиот продуцент беше фатен како ја изневерува манекенката со уште неколку жени. „Уморна сум од тоа што ме изневеруваат“, напиша Роуз на Инстаграм пред извесно време.

Шер, пак, зад себе има два брака: првиот со Сони Боно, од 1964 до 1975 година, и вториот со Грег Алман, кој траеше само четири години. Од првиот го добила синот Чаз (53), а од вториот Илија (46).

 

Слични објави

(Видео) „Четири километри во кал…“: Никола Роквиќ пешачи 13 дена, се огласи колку пари собрал

Еспресо

Велика сабота: Што (не)треба да правите на овој ден

еспресо

„Фала Богу што сум жива“: Познатата фолкерка доживеа тешка сообраќајка, објавени сликите од автомобилот

Еспресо

„Немојте да раѓате деца и…“: Сопругата на Огњен Амиџиќ упати порака и покажа како изгледа

Еспресо

Велигден кај Бреговиќ: За сите по нешто

еспресо

Велики петок: Што (не)треба да се прави на овој ден

еспресо
Се вчитува....