11.8 C
Скопје
21:04 - 3 април, 2026

(Фото) Моника Белучи во Солун: Освојува со насмевката, љубезноста и самодовербата

Моника Бечучи ги освои сите погледи на црвениот тепих со својот говор на телото и насмевка – најубавиот накит што го носеше.

Италијанската актерка Моника Белучи присуствуваше на прес-конференцијата на 64. Меѓународен филмски фестивал во Солун. На фестивалот ќе ѝ биде врачена наградата „Златен Александар“ за севкупниот придонес во кинематографијата, а нејзиното доаѓање израдува многу филмофили и нејзините фанови.

Како и секогаш кога станува збор за неа, изгледот беше само придружник на самодовербата и животното искуство, без желба да привлекува внимание со екстраваганција.

За оваа прилика Белучи избра чиста едноставност – црн мантил, а под него црна модна комбинација со проѕирен горен дел, црни чизми со високи потпетици и темни очила.

Убавата италијанска глумица присуствуваше на премиерата на филмот „Марија Калас, писма и сеќавања“, а како наведува порталот Прототема.гр, во текот на престојот во солунскиот хотел единствено барање на глумицата било да се почитува нејзината приватност. За појадок не барала ништо посебно освен она што било во секојдневната понуда – кроасани, мед и колачиња, а била многу достапна и љубезна со персоналот и гостите во хотелот.

Слични објави

Едвај има место да се свртиш – вака изгледа кујната во вилата на Цеца Ражнатовиќ

E.A.

(Фото) Најстарата сестра на Богдана Ражнатовиќ го слави 35-тиот роденден, честитки пристигнуваат од сите страни

Еспресо

(Фото) Данијела Мартиновиќ откри зошто сè уште не се преселила во новиот дом со Јосип: „Се соочивме со реалноста“

Еспресо

„Само падна како покосена“ – Познатиот фолкер раскажа за трагедијата која го „кине“ срцето

E.A.

Ни доаѓа многу моќен датум 4.4. – според нумерологијата носи пари, среќа и неочекувани можности

Т.Ц.

(Фото) Синот на Марија Шерифовиќ пристигна на Бали: „Ми дојде радоста!“

Еспресо
Се вчитува....