10:15 - 13 ноември, 2026

(Видео) Луна Ѓогани се огласи од приватна клиника: Ѕвездата на „Задруга“ се почести со уште една естетска корекција

Луна Ѓогани, победничката на втората сезона од реалното шоу „Задруга“, не крие дека одвреме-навреме ги поправа оние нешта кои не ѝ се допаѓаат на нејзиниот физички изглед.

Со оглед на тоа што сè уште не е целосно задоволна од своето лице, таа решила да направи уште една корекција.

Сакајќи да ја подмлади својата кожа, 27-годишната инфлуенсерка се решила за медицинската процедура мезотерапија, со која се внесуваат мезококтели со активни состојки во длабинските делови на кожата.

Таа им го покажа целиот процес на својот инстаграм-профил, каде има нешто повеќе од 500 илјади следбеници.

Да потсетиме, Ѓогани и претходно отворено зборуваше за операциите на носот, градите и усните.

„Ставив малку хијалурон во усните. Тоа не е операција, тоа е само привремено“, изјави таа.

Фото: Инстаграм/Луна Ѓогани

„Имав мала естетска интервенција, го средив носот. Она што го направив на мојот нос беше нешто што го планирав долго време. Сакав да се почестам со операција, не е ништо страшно, да не мислат луѓето дека сум го сменила личниот опис“, изјави таа во една прилика за српскиот медиум „Телеграф“.

Слични објави

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova

Петок 13. по третпат годинава — како еден обичен датум стана симбол на лоша среќа?

К.С.

(Фото) За ваква „бомба“ вреди да се даде илјадници евра: Сопругата на Пеѓа Јовановиќ доби подарок за кој многу жени сонуваат

Еспресо

„Покрај сопругата имам и љубовница“: Миле Китиќ јавно призна дека ја изневерува сопругата Марта Савиќ

Еспресо
Се вчитува....