17.8 C
Скопје
12:10 - 26 март, 2026

(Фото) Моника Белучи со нејзината љубов Тим Бартон го претстави нивниот филм: Блесна во црн фустан

59-годишната италијанска актерка Моника Белучи излезе во јавност со своето ново момче, 65-годишниот режисер Тим Бартон. Ѕвездата ја сподели фотографијата на Инстаграм.

Дуото активно го промовира својот нов филм, Beetlejuice Beetlejuice. Филмот е снимен од Бартон, вклучувајќи ја неговата сакана во создавањето.

На премиерата во Мексико, Моника се појави во црн долг фустан со ракави. Во рацете држеше мини чантичка и имаше распуштена коса. Режисерот на филмот, пак, кој го доби своето продолжение повеќе од 40 години подоцна, беше дотеран во црн деловен костум со соодветна кошула и очила.

На љубовниците им се придружија и другите актери од филмот – Џена Ортега, Џастин Теру и Мајкл Китон.

Врската помеѓу Белучи и Бартон е позната повеќе од една година. Пред ова, Италијанката долго време беше во брак со францускиот актер Винсент Касел, на кого му роди две ќерки – Дева и Леони. Во 2019 година, Моника се раздели од кртката врска со младиот уметник Николас Лефевр.

Бартон пак, имаше долга врска со актерката Хелена Бонам Картер, која често ја прикажуваше во неговите филмови. Во 2014 година, парот ја прекина врската. Актерката ги роди синот на Тим, Били и ќерката Нел.

 

Слични објави

(Видео) „Не сум парче месо“: Стојне Николова се отвори за тоа како мажите ја гледаат

Еспресо

Сопругата на Саша Поповиќ за внуката Марта: „Сè ме потсетува на Сале, секој ден си го спомнуваме“

Еспресо

(Фото) Убав повод за забава во семејството на Огнен Здравковски

Еспресо

По повод Светскиот ден на вафлите, ви носиме рецепт за совршено крцкав и мек десерт

Еспресо

Беше сиромашна и гладна, а сега се бори за здравјето: Се отвори Бранка Соврлиќ за Зорица Брунцлик

Еспресо

(Видео) „Целата траума е во телото“: Јелена Спенџарска откри лична приказна

Еспресо
Се вчитува....