12:06 - 7 ноември, 2026

(Фото) Моника Белучи го „запали“ интернетот со нејзините разголени фотографии за 60. роденден: Многу жешко!

Актерката Моника Белучи со децении со право ја носи титулата една од најубавите актерки на сите времиња, а и во шестата деценија од животот редовно привлекува внимание.

Сега таа одлучи дополнително да ги „зачини работите“.

Овојпат, можеби инспирирана од тоа што во септември наполни 60 години, убавата Италијанка на Инстаграм сподели серија фотографии на кои, како што објасни, „позирала пред неколку години за италијанското издание на Вог“, а на кои , меѓу другото, целосно е разголена и „убиствено“ сензуална.

Следеа безброј коментари и комплименти, Инстаграм експлодираше, а за само 10 минути собра 20.000 лајкови, додека за неколку часа надмина 300.000.

Моника Белучи од минатата година ужива во својата нова љубов која, како што велат многумина, ја расцути. Среќата и мирот ги пронајде покрај американскиот режисер Тим Бартон, а нивната наклонетост и страсна врска оваа сезона ја покажаа на многу филмски фестивали.

Во интервју за француски „Ел“, 60-годишната Италијанка многу отворено проговори за љубовта кон 64-годишниот американски режисер:

– Што да ви кажам, пред се, среќна сум што го запознав. Тоа е една од оние средби што ретко се случуваат во животот. Го запознав како маж и го сакам!“ – изјави минатата година ѕвездата од филмовите „Малена“, „Неповратно“, „Страдање“, „Астерикс и Обеликс: Мисија Клеопатра“.

(Фото) „Ти си чудо!“: Згодната Нина Бадриќ во секси црно фустанче покажа завидна фигура

 

Слични објави

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.
Се вчитува....