03:20 - 7 ноември, 2026

(Фото) Модна ревија за силни и урбани мажи, вака се одбележа „Денот на таткото“

По повод „Денот на таткото” кој трговскиот центар Ист Гејт Мол го означи со активности во текот на цела недела, во исклучителниот простор  на молот се одржа пригодна модна ревија посветена на енергичните, смели, урбани и модно освестени мажи.

Во посебна атмосфера, со специјални гости, со црвени коктели на црвениот ќилим продефилираа модели стокмени во аутфити изготвени од добро познатите брендови, кои ги прикажаа моделите од овосезонските колекции. Ова беше разновидна понуда која вклучуваше од „Шик енд шиз”, спортски, опуштено кежуал изглед, елегантен изглед, елегантно впечатлив до естравагантно привлечен стил.

Особено интересно и невообичаено, она кое привлече посебно внимание и остави особен впечаток беше кастингот на манекените кои ја рашетуваа пистата. Манекени од сите возрасти и типови беа соодветно избрани за секој посебен аутфит со свесно алудирање на приказната дека и во навидум едноличната понуда на машка облека сепак секој маж може да си го пронајде својот начин да изгледа свој и посебен. Од најмладите манекени со своите првични искуства до доајените на македонскиот моделинг, добро запаметените ликови на Кокинос Коленцев, Алек Наумовски, Трајче Воинов и Андреј Клинчаров овој уникатен пристап беше за прв пат прикажан концет на модна презентација кај нас а веќе широко присутна на глобалната модна сцена.

Овој настан како едноставно шик остварување беше во целосна режија и организација на доајенот на македнската мода и модна новинарка Снежана Богдановска Сани и нејзиниот тим предводен од Анастасија Богдановска Стејси, подржани од модната агенција Моделс ИН, и тимот на Ист Гејт Мол.

 

 

Слични објави

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.
Се вчитува....