32.8 C
Скопје
13:04 - 17 август, 2026

(Фото) Миа Костова во шок! Една година комуницирала со лажен профил, се јавија и мајки на болни деца

Македонската водителка и инфлуенсерка Миа Костова вчера сподели вознемирувачко искуство со своите следбеници на Инстаграм – повеќе од една година комуницирала со профил на жена за која подоцна дознала дека користи туѓи фотографии и видеа и се претставува со идентитет кој, според нејзините сознанија, не е вистински.

Костова во серија сториња раскажа дека жената ѝ се претставила со тешка животна приказна – тврдела дека изгубила две ќерки од тешка болест, дека има трето дете по име Миа и дека работи како медицинско лице на онкологија со деца болни од рак. Во текот на комуникацијата ѝ испраќала и видеа на кои пее и свири, претставувајќи ги како свои.

„Во мојава осумгодишна кариера на допишување со непознати жени, личности што не ги познавам, вакво нешто никогаш не ми се случило“, рече Костова.

Фото: Инстаграм/Миа Костова

Со истиот профил подолго време комуницирала и Ивана Лескароски, мајка на Роман Лескароски. Токму тука двете забележале дека делови од приказната што им ја раскажувало лицето зад профилот многу потсетуваат на вистинската животна приказна на Ивана.

Лескароски во минатото јавно зборувала за загубата на две деца, повеќекратните спонтани абортуси и раѓањето на Роман, како и за улогата на Миа во периодот кога останала бремена со него.

„Тотално сум избезумена од фактот дека некој си играл со моите чувства и емоции“, реагираше Ивана откако дознала за случајот.

Фото: Инстаграм/Миа Костова

Случајот почнал да се расплетува вчераутро, кога Костова добила порака од девојка која ја предупредила дека фотографиите и видеата на спорниот профил му припаѓаат на друга жена – пејачка од Србија.

Кога го отворила профилот на вистинската пејачка, Костова тврди дека ги пронашла видеата што во текот на изминатата година ѝ биле испраќани приватно како наводно лично снимени поздрави.

„Јас сум во шок како некој може буквално да украде идентитет, приказна“, рече таа.

Фото: Инстаграм/Миа Костова

По објавувањето на сторињата, на Костова почнале да ѝ се јавуваат и други жени кои тврдат дека комуницирале со истиот профил. Според неа, меѓу нив има инфлуенсерки, но и жени кои воопшто не се јавно експонирани.

Особено ја вознемирило тоа што дел од нив се мајки на деца со потешки здравствени состојби. Меѓу споделените сведоштва има и комуникација со инфлуенсерката Христина Пановска во периодот кога нејзината ќерка Тара била на онкологија.

Фото: Инстаграм/Миа Костова

Костова откри и дека по трагедијата во Кочани во март 2025 година, профилот ѝ понудил стан во близина на Градската болница, а во други пораки лицето се претставувало како медицинско лице и нудело помош.

Откако Костова му го испратила на профилот линкот до вистинската жена чии фотографии и видеа, според неа, биле користени, била блокирана. Во истиот период била блокирана и Ивана, а подоцна профилот бил деактивиран.

Фото: Инстаграм/Миа Костова

„Може ја познавам, може ме познава, може седи со мене на маса… Може не е ни жена“, рече Костова.

Таа вчера најави дека денеска ќе го пријави случајот во сајбер-криминал, а ги повика и другите жени кои комуницирале со профилот да го направат истото.

Засега не е официјално утврдено кој стои зад профилот, каков бил мотивот, ниту дали лицето има поврзаност со медицинска установа. Костова изнесе и неколку теории за можните мотиви, но нагласи дека станува збор за претпоставки додека случајот не го испитаат надлежните.

Слични објави

Љубовта на Арсен Дедиќ и Габи Новак: „Кога имате некого како Габи, не можете да бидете несреќни“

Т.Ц.

(Фото) Тенисерката Лина Ѓорческа овој пат куферот го спакува за на плажа

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат – Неда Украден го прослави 76. роденден, изгледа неверојатно во бикини покрај море

Еспресо

(Фото) Стефан Лазаров и Марта ги одбројуваат деновите до најубавата животна улога — вљубени и насмеани уживаат во Охрид

Еспресо

Дневен хороскоп за 17 август: Бидете внимателни пред да се одлучите на голем чекор

apostolova

(Видео) Влада од „Магла бенд“ проговори за најголемата траума од детството

E.A.
Се вчитува....