03:49 - 7 април, 2026

(ФОТО) МИА КОСТОВА: Како сте? Еве сум јас кога ме стига паничен напад…

миа костова

Македонската водителка и инфлуенсерка Миа Костова отсекогаш важела за личност која нема проблем да сподели приватни и интимни детали од сопствениот живот.

Несомнено е дека Миа има своја „армија“ од следбеници кои љубопитно го следат нејзиното секојдневние, но поради веќе препознатливата брутална искреност за секојдневни теми, од јавниот како и од приватниот живот ги доби симпатиите на нејнзите фанови на социјалните мрежи.

Костова секогаш е искрена кога е во прашање менталното здравје, а притоа и нејзината психолошка состојба. Живееме во бурно и динамично време, а паничните напади се борба со која се соочуваат многу лица незавосно од пол, возраст и секако животно искуство.

Миа со цел да им помогне на сите кои живеат со панични напади, анксиозност, депресивни мисли… отворено зборува на тие теми и споделува како таа се чувствува со цел да допре до сите на кои им е потребна таа поддршка, а притоа и да ги охрабри да побараат помош од стручно лице, семејството и пријателите.

Тоа е обемна и сериона тема на која Миа неодамна проба да допре до многу корисници на социјалните мрежи со вклучување во живо и одговарање на анонимни прашања поврзани со менталното здравје во придружба на гешталт психотерапевт.

Секако, на моменти знае тоа да го пренесе и на интересен и хумористичен начин, а со тоа повторно да ги охрабри сите свои следбеници кои се соочуваат со овој проблем да не се обесхрабруваат и секако да се борат.

Фото: Принтскрин / Instagram

Денес на својот инстаграм профил Миа објави едно видео на кое покажа како се чувствува кога доживуваат паничен напад, но секако во нејзин стил и малку хумор во целата ситуација.

Кога ме стига паничен напад и се прашувам дали ќе умрам на масава, стои во описот на објавата.

 

Слични објави

Данијела Мартиновиќ одбележа четири години љубов: „Се заљубивме на Велигден“

Еспресо

Која е тајната на успехот на Јаков Јозиновиќ, новиот глас на љубовта во регионот кој за неколку дена ќе настапи во Скопје

Т.Ц.

Милица Тодоровиќ ѝ го честиташе роденденот на мајка си: Сподели емотивни моменти од семејниот дом

Еспресо

(Видео) Теа Таировиќ е бремена? – Пејачката изведе „жесток“ танц, но нејзиниот стомак на сите им падна во очи

E.A.

(Видео) Посебна почит: На гробот на Шабан Шаулиќ оставена златна крунa со скапоцени камења

Еспресо

Крај на шпекулациите: Неда Украден откри дали била во врска со Тони Бијелиќ

Еспресо
Се вчитува....