02:31 - 12 ноември, 2026

(Фото) „Меси, меси“: Јована Јеремиќ како Јагодинка, пекарата „гори“

Водителката Јована Јеремиќ неодамна крена прашина кога го откри идентитетот на нејзиното 14-години постаро од неа момче, бизнисменот Драган Станковиќ, сопственик на синџир пекари.

Јована, која е позната и по смислата за хумор, вчера направи хаос на социјалните мрежи, кога објави смешна фотографија на Инстаграм, на која сама со себе се мајтапи.

Станува збор за монтажа од филмот „Варљиво лето ’68“, поточно од сцената каде Данило Бата Стојковиќ му вели на Славко Штимац: „Меси, меси, ништо нема да ти штети“.

Наместо Драгана Варагиќ, на фотографијата е Јована Јеремиќ.

Оваа монтажа очигледно е создадена затоа што новиот партнер на Јована е сопственик на голем број пекари, а Јована е „неговата Јагодинка“. На престилката која ја носи Јеремиќ е логото на пекарата на Драган.

Инаку, Јеремиќ неодамна изјави дека планира иднина со Драган и дека никогаш нема да го заборави нивниот прв бакнеж.

– Никогаш нема да го заборавам првиот бакнеж. Тоа се случи на четвртиот состанок и тогаш се смувавме. Се возевме околу храмот Свети Сава и имаше црвено светло на семафорот. Во тој момент тој рече: „Еј види што има таму“. Велам: „Што се случило?“. Се вртам и тој ме бакнува. Кога тоа се случи, знаев дека тој е човекот на мојот живот. Беше страсно, емотивно… Кога ме допре и кога енергијата ми протече низ телото, си реков: „Тоа е тоа“ – објасни Јована.

 

Слични објави

Ѓоле Ѓогани за почетоците со Слаѓа Делибашиќ: „Не ни помислив дека ќе ми биде сопруга, а од татко ѝ се препортував“

Е.А.

Слобода Миќаловиќ за тајната на 17-годишниот брак со Војин Ќетковиќ: „Луѓето денес го изгубија смислот за љубов, приматот го зедоа парите и социјалните мрежи“

Е.А.

Битка за вилата вредна 1,7 милиони евра – Николина Пишек мора да му исплати стотици илјади евра на свекорот Миша Гроф

Еспресо

(Фото) Семејно бегство на северот на Европа: Жељко Бебек со сопругата и ќерката во посебна авантура

Еспресо

„Многу сум си горда на себе“ — Јелена Спенџарска од Брисел за трудот и критиките зад објавите на Инстаграм

К.С.

Додека ужива со 70-годишниот милионер, Мелина Џиновиќ откри дали планира трето дете

Еспресо
Се вчитува....