14.8 C
Скопје
17:27 - 11 март, 2026

(Фото) Меган Маркл блесна на затворањето на Игрите Инвиктус: Позирање и со Рита Ора и Сем Рајдер

Меган Маркл и принцот Хари присуствуваа на затворањето на Игрите Инвиктус во Дизелдорф.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Sussexes (@sussexnation)

Игрите Инвиктус е натпревар за поранешни војници, кој се одржува во различни земји од 2014 година на иницијатива на принцот Хари. На самото затворање, сопругата на Хари, Меган Маркл во јавноста се појави во раскошен фустан со отворени раменици од американскиот бренд Cult Gaia. Војвотката од Сасекс го комплетираше изгледот со беж чевли со високи потпетици од Aquazzura.

Сопругата на принцот Хари ја собра косата во измазнета пунџа, а на шминката акцентот го стави на бронзени нијанси, односно на очите. Принц Хари пак, за настанот избра црн костум и црна кошула, кои ги комбинираше со класични елегантни чевли.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Royal Addicted (@royaladdicted_new)

Инаку, на затворањето присуствуваа и пејачите Рита Ора и Сем Рајдер со кои војводите со задоволство позираа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Former Ms. Tig (@theformermstig)

На крајот на август се дозна дека Меган Маркл планира да ѝ се врати на актерската кариера и дека активно преговара со „познати режисери и продуценти“.

„По многу неуспеси, вклучувајќи го и губењето на договорот со Спотифај за 20 милиони долари и одбивањето на номинација за Еми за документарната серија „Меган и Хари“, таа планира да се врати на својата актерска кариера. Меган е многу возбудена поради тоа“, изјави упатен од опкружувањето на војвотката за Дејли меил.

Инсајдерот истакна дека Меган во изминатите пет години добила „куп понуди“, но била принудена да ги одбие бидејќи прво се обидела да го прифати кралскиот живот, а потоа со Хари да отвори нов пат во Холивуд.

Слични објави

Ни доаѓа најхаотичниот ден во последните 45 години: Ќе се совпадне речиси сè што не треба, предупредуваат астролозите

Еспресо

Повторно насилство во семејството Голубовиќ: Судот му изрече итна мерка на Кристијан

apostolova

Традиционални македонски рецепти: Посно макало од ореви

Еспресо

(Фото) Луна Ѓогани во провокативно издание од Малдиви: Голи нозе, длабоко деколте и безброј коментари

Еспресо

(Видео) Јована Јеремиќ за свршувачката со Тигар: „Јас сум реинкарнација на неговиот покоен татко“

Еспресо

Јелена Розга проговори за плановите за свадба со Иван Хуљиќ

Еспресо
Се вчитува....