За нивната љубоц веќе некое време се шпекулира, но со својата најнова објава познатата хрватска пејачка отиде чекор понатаму. Романтичните сцени од прославата на роденденот привлекоа посебно внимание, а се чини дека Маја Шупут повеќе нема причина да ја крие својата среќа.
Откако последните недели се најдоа во центарот на вниманието поради шпекулациите за нивната љубовна врска, Маја Шупут и Емил Тедески помладиот повторно го привлекоа интересот на јавноста. Овој пат повод се фотографиите што самата пејачка ги објави на Инстаграм, а на кои се бакнува со синот на познатиот хрватски претприемач.
Маја Шупут одлучила да сподели со своите следбеници серија фотографии од својата неодамнешна роденденска прослава, но меѓу кадрите на дружење и славење, се издвоија оние каде што позира со Емил Тедески помладиот.
View this post on Instagram
На неколку фотографии, двајцата разменуваат бакнежи, се прегрнуваат и се држат за раце, не криејќи ја својата блискост пред камерата. Пејачката објави и моменти поминати со пријатели кои ѝ се придружиле на прославата, а токму заедничките фотографии со Емил им дадоа нова димензија на приказните што ги следат од септември.
Иако не зборуваа директно за природата на својот однос, најновите фотографии сугерираат дека повеќе не сакаат да ја држат својата врска подалеку од очите на јавноста.
За можната романса на Маја Шупут и Емил Тедески помладиот почна да се зборува на 20 септември, кога беа фотографирани заедно на аеродромот во Загреб, пред летот за Лондон. Според зборовите на сведокот кој случајно се нашол таму, пејачката и синот на хрватскиот претприемач биле многу блиски. Додека го чекале летот, се држеле за раце, се гушкале и бакнувале, а заедно појадувале и во салонот за патници од прва класа.
Фотографиите и снимките од аеродромот набрзо ги поттикнаа шпекулациите за новата љубов на познатата пејачка, која тогаш се подготвуваше да го прослави својот 47-ми роденден. Шупут потоа отворено сподели сцени од Лондон на социјалните мрежи, но не одговори директно на прашањата за нејзиниот љубовен живот.
Сега, неколку недели подоцна, таа самата објави фотографии кои покажуваат колку се блиски таа и Емил.
