16.8 C
Скопје
18:02 - 12 октомври, 2026

(Фото) Луна Ѓогани со емотивна порака за роденденот на татко ѝ Гаги: „Те сакам многу“

Во семејството Ѓогани денеска има повод за славење. Луна Ѓогани, победничката на втората сезона на реалното шоу „Задруга“, преку социјалната мрежа Инстаграм му го честиташе роденденот на својот татко Гаги Ѓогани.

По тој повод, таа објави фотографија од детството на која Гаги ја држи во прегратка додека таа е бебе. Покрај фотографијата, Луна сподели и емотивна порака исполнета со љубов и убави желби.

„Тато, среќен роденден! Да си ми жив и здрав, среќен, насмеан и во мир… Секогаш да бидеш нашата позитивна енергија. Те сакам многу“, напиша Луна.

Нејзината објава привлече внимание на социјалните мрежи, а честитките за роденденот на Гаги почнаа да се нижат.

Роденденската прослава доаѓа во период кога во јавноста се зборува и за односите меѓу членовите на семејството Ѓогани.

Баки Б3 неодамна откри дека го прекинал контактот со Гаги, како и дека ретко комуницира со останатите членови на семејството. Како што објасни, од сите нив единствено одржува контакт со Ѓоле Ѓогани.

„Со Ѓоле единствено се слушам од сите нив, со останатите слабо. Немам некоја комуникација. Не знам зошто се изгуби. Секој има свој поглед на тоа, има право да живее и да се јави ако сака. Секој се јавува кога чувствува потреба и не треба да се лутиме“, изјави Баки.

Тој додаде дека не сака да ги одржува односите по секоја цена доколку не постои заемно разбирање.

„Изгубени се вредностите и комуникацијата, која е главната работа во сите животни односи. И да си ми сестра и да си ми брат, ако видам дека не можеме да функционираме, велам: во ред, поздрав и толку. Мора да има дистанца“, објасни тој.

 

Слични објави

Џејла Рамовиќ го поддржа Јаков Јозиновиќ по бурата реакции за песната на Томпсон

Еспресо

Сања Маринковиќ за малку ќе била ограбена во Лондон: „Тројца ме опколија и ми ги влечеа телефонот и чантата“

Еспресо

Зорица Брунцлик откри дека се борела со рак: Најблиските ја криеле дијагнозата, сопругот проверувал дали дише

Еспресо

Татјана Стојановска за љубомората и довербата во бракот: Ако му се додворува друга жена пред мои очи, што прави кога не сум тука

Еспресо

Десет години љубов со Ивана: Пејачот Дарко Илиевски слави годишнина од бракот

Еспресо

Јелена Карлеуша за случајот со Јаков Јозиновиќ: „Ако на нашите пејачи им забрануваат концерти, треба да возвратиме со иста мера“

К.С.
Се вчитува....