7.8 C
Скопје
07:30 - 28 март, 2026

(Фото) Луна Ѓогани се пофали: „За првпат сама направив славски колач!“

Во домот на Луна Ѓогани и Марко Миљковиќ денес се слави нивната слава – Свети Алимпиј.

Луна оваа година се потруди да ја преземе улогата на вистинска домаќинка и гордо покажа дека првпат сама го замесила и подготвила славскиот колач.

Пред да се запали славската свеќа и пред да пристигнат гостите, Луна сподели фотографија на која се гледа убаво испечениот колач, виното, свеќата и иконата на ѕидот.

„Среќна слава на моето семејство“, напиша таа во описот на фотографијата.

Фото: Скриншот/Инстаграм

Потоа објави и посебна фотографија од погачата украсена со крст и четири букви С, симбол традиционално поврзан со православните слави.

„Морам да се пофалам дека првпат сама го направив славскиот колач“, додаде Луна, ветувајќи дека наскоро ќе открие и детален рецепт.

За Марко денешниот ден носи и доза тага и носталгија – ова е првата слава што ја дочекува без своите родители. Таткото на Марко почина ова лето, а мајка му пред три години.

Тој денес на Инстаграм објави фотографија од иконата на Свети Алимпиј и напиша кратка, но моќна порака: „Свети Алимпије, подари им мир на моите родители во рајските дворови“.

Слични објави

Азис навреден од режисерите: „На ваков мачо маж му нудат улога на продавач во ресторан за брза храна?!“

Е.А.

Нова естрадна војна: Дадо Полумента одговори на прозивките на Ѓани – „Не беше работата само да извадиш пари од џеб!“

Е.А.

„Се расправавме, тоа беше моја должност“: Весна Змијанац искрено за конфликтот со ќерка ѝ Николија

Е.А.

Официјално се разведоа Јована Пајиќ и Сале Тропико: По пет години и формално ставија крај на бракот

Еспресо

Анабела искрено проговори за Нина и Луна: „Не ги терам ќерките да се мажат!“

Еспресо

(Фото) Северина за роденденот на Петар Грашо избра црн градник и сако: Позираа во одлично расположение

Еспресо
Се вчитува....