7.8 C
Скопје
19:53 - 30 март, 2026

(Фото) Лила го покажа убавиот дом: Новогодишна бајка со стил

Лила Филиповска го покажа својот убаво уреден и украсен дом пред претстојните празници, кој е вистинска новогодишна бајка.

Фото / Инстаграм

Кај Лила дома е сѐ накитено и вкусно украсено до најситен детаљ, а во видеата што ги објавила, таа е со своите миленици.

Фото / Инстаграм

Верувале или не, Лила Филиповска на 15 октомври наполни 54 години. Водителката и инфлуенсерка изгледа фантастично, и таа е една од најнегуваните жени меѓу нашите јавни личности.

Лила пред неколку години ја победи тешката битка со карциномот и од тоа искуство излезе посилна.

Лила неодамна со своите следбеници сподели фотографии собрани во еден видеоколаж од 2010 година до денес, и покажа како изгледала во последните 15 години од својата богата кариера.

Она што остава впечаток е дека во секоја фаза од нејзиниот живот ја задржала насмевката и нејзината добра форма.

„Засекогаш млада“, напиша Лила покрај видеото кое предизвика голем број позитивни реакции.

„Незаменлива, секоја наредна година си поубава Лила, кралица, нашата кралица“, беа дел од коментарите на следбениците на Лила.

Слични објави

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо

Мина откри како го запознала Огњен Амиџиќ: „Дојдов за работа и се зезнав“

Еспресо

Месечен хороскоп за април и среќни датуми за секој хороскопски знак

Еспресо

Ралe ја одложи операцијата на срцето поради нов здравствен проблем: „Не сум добро“

Еспресо

(Фото) Вака изгледа една од најубавите бугарски пејачки без шминка: Што се случува со носот на Преслава?

Е.А.

Ова е вонбрачниот син на Маринко Роквиќ кој живее далеку од Србија: Го откри вистинското лице вдовицата Славица

E.A.
Се вчитува....