3.8 C
Скопје
05:04 - 17 март, 2026

(Фото) Лепа Брена ужива во шпанскиот луксуз со шампањ и неверојатен поглед на море: „Најубава Југословенка“

Лепа Брена викендов беше поканета да пее на геј венчавката на Србин и Хрват во Палма де Мајорка, каде создаде атмосфера за паметење. Само за вечерната забава на свадбата српскиот дизајнер ѝ исплатил 30.000 евра, а младенците одлучиле на Брена да потрошат уште 20.000 евра на сите луксузи за уживање во Шпанија.

инстаграм

Така, Брена го спои деловното со релаксација. Во Шпанија таа ја донесе и својата пријателка, а ќе останат една недела.

Брена уживаше во шампањ и јагоди, а потоа позираше за Инстаграм, облечена во бела комбинација, со чаша во рака, додека зад неа се протега неверојатен поглед на морето.

Нејзината снаа Александра Пријовиќ беше една од првите што ја „лајкна“ нејзината објава и остави коментар – емотикон со црвено срце.

Пристигнаа и куп други позитивни коментари особено во полза на нејзиниот изглед и на тоа дека ја сочувала југословенската душа.

Да потсетиме, Брена и Прија неодамна настапија заедно на спектакуларниот втор концерт на Александра Пријовиќ во Белград, во Штарк Арена.

Во дует ја изведоа песната „Посакај им среќа на другите“, која Брена ѝ ја посвети на својата снаа.

Кон крајот на песната Пријовиќ се расплака, а Брена ја соблече наметката и потоа цврсто ја прегрна Александра, па и таа почна да плаче, оставајќи ја публиката без здив.

 

Слични објави

Ѕвездите ве советуваат како да го изберете идеалниот партнер за вашиот хороскопски знак

Еспресо

„Добила до 1.000 евра за услуга“: Аца Лукас ги разобличи старлетите кои тврдат дека биле со него

E.A.

Јелена Томашевиќ првпат раскажа за моментот кога се сруши на концертот во Црна Гора: „Докторки од публиката ми помогнаа на сцената“

К. А.

„Ведра, весела и преталентирана“: Цеца со емоции се присети на Ксенија Пајчин

Еспресо

Работи зад кулисите и има моќни сојузници: Која е „ледената дама“ Сузи Вајлс, за која Трамп денеска објави дека има рак?

Еспресо

„Кожата ми се менува секој ден“: Едита Арадиновиќ искрено за бременоста

E.A.
Се вчитува....