08:53 - 14 ноември, 2026

(Фото) Лазар Ристовски ги покажа мускулите и базенот во кој ужива со младата Аница: „И кралот има душа…“

Актерот Лазар Ристовски по разводот со Даница Ристовски повторно ужива во љубовта со актерката и колешка Аница Лазиќ, која е 39 години помлада од него.

Како што пренесуваат српските медиуми, Аница се преселила во неговиот луксузен стан во Белград на вода, а актерот поседува и луксузна вила во Гардош во Земун, која има базен на терасата, а сигурно е дека Аница ужива и на оваа локација со познатиот актер.

инстаграм

Имено, Ристовски речиси никогаш не споделува моменти од приватниот живот со јавноста, но во една прилика реши да направи преседан. Во паузите од бројните обврски, актерот се одмора  во својата оаза на мирот, изолиран од градската гужва, пренесува српски Блиц.

Овој момент го овековечи со фотографија и реши да испрати поздрави од базенот до следбениците на својот Инстаграм профил, а потоа го покажа и своето мускулесто тело.

инстаграм

„Дома е најубаво“ – гласи насловот на фотографиите.

инстаграм

„И кралот има душа…во својата куќа на Гардош“ – напиша актерот под фотографијата.

Да потсетиме, Лазар Ристовски неодамна се разведе од сопругата Даница по 42 години брак. Како што изјавија, главната причина за разделбата е недостатокот на емоции.

Се венчаа во 1980 година, а добија два сина – Петар, кој е филмски продуцент и режисер, и Јован, кој дипломирал економија. Постариот син е во брак со актерката Теодора Ристовски, додека помалиот Јован со сопругата Љиљана го има синот Богдан.

Слични објави

Дневен хороскоп за 15 ноември: Искористете го денот за релаксација

Е.А.

(Фото) Јелена Ѓоковиќ се појави на премиера во Белград со чанта од 4.000 долари

Еспресо

(Фото) Издроби леб во млеко и го посипа со шеќер: Дарко Лазиќ покажа што јаде за вечера, далеку од луксузот

Еспресо

Смртен случај во семејството на Милица Тодоровиќ: Пејачката го загуби дедо си, мајка ѝ се прости со емотивна порака

Еспресо

Богдана Ражнатовиќ повторно ја отвори расправата за костимот на синот: Сподели објава од воспитувачка со јасна порака за здолништата за момчиња

Еспресо

Српската пејачка се бореше со рак, сега објави список на познати личности што ѝ пружиле поддршка – само 8 од нив

Еспресо
Се вчитува....