04:25 - 6 април, 2026

(Фото) Ламбе непрепознатлив, пејачот со сосема нов имиџ

Сосема нов имиџ има поп-пејачот Ламбе Алабаковски, и ако подобро не погледнете на новите слики кои ги објавил на Фејсбук, тој е речиси непрепознатлив.

Ламбе настапил во Струмица, со своите колеги, како дел од проектот „Македонијо, во срце те носиме“, и како што се гледа на сликата, струмичкиот плоштад бил преполн со публика од повеќе генерации.

Ламбе ја испеал песната „Како Пиреј“ која неодамна ја преработи, во придружба на музички состав од народни инструменти, а она што може да се забележи е голема промена во неговиот имиџ.

Пејачот сега има многу кратка коса, за разлика од порано, а она што е исто така забележливо е и проимената на имиџот од поспортски во поелегантен, a носи и брада.

Фото/ Фејсбук

По пет години откако живееше во САД, Ламбе Алабаковски во 2021 година се врати во Македонија, во Битола, со сопругата  Магделена и со синовите Михаил и Димитриј, а често оди и во неговото родно преспанско село Љубјно.

Ламбе во Струмица Фото/ Фејсбук

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....