Премиерот на Република Словенија Роберт Голоб ја избра државната прослава за ваен настан за да ја претстави неговата нова партнерка. Тој на настанот дојде придружуван од поранешната манекенка и мисица Тина Габер, на некој начин официјализирајќи ја нивната врска.
Predsednik @vladaRS Robert Golob in njegova partnerka Tina Gaber sta v dvorano Cankarjevega doma vstopila skupaj.
Več na: https://t.co/SbVcCSd47d pic.twitter.com/qQfiBpItYu
— N1 Slovenija (@n1slovenija) February 7, 2023
Откако седи на словенечкото премиерско столче, Роберт Голоб е под лупата на многу медиуми и поради љубовниот живот. Електроинженерот, бизнисмен и политичар од Шемпетра кај Нова Горица долго време добро го криеше својот приватен живот.
Она што се знае е дека беше оженет со Јања Голоб Немец, со која има три деца.
„Живеам сам со моите деца“, на крајот на минатата година за прв пат директно призна Голоб дека е сингл. Но дали е вистина дека е сам? Од средината на јануари почнаа да се шират гласини во словенечките медиуми дека неговиот кревет сега го топли поранешната мисица Тина Габер, која наводно ја запознал преку нејзината сестра Урша, која била лична асистентка на Голоб во Ген-I.
Ако Голоб е дебитант на политичката сцена, Габер долги години е присутна на словенечката социјална сцена.
Во минатото и таа креваше голема прашина со својот љубовен живот.
View this post on Instagram
Тина Габер подолго време беше во врска со економистот и богаташ Примож Бохинц, кој се покажа како многу романтичен тип.
Во 2008 година, еден менаџер во компанијата Електрончек ѝ приредил многу посебно изненадување на Габер за време на неговата посета на Соединетите Американски Држави. За годишнината ја однел во престижната соба во хотелот Беверли Вилшир, каде се снимаше светски познатиот филм Pretty Woman. Подоцна, наводните љубоморни испади на Примож се сфатија од јавноста како причина за крајот на врската.
View this post on Instagram
Тина Габер доби големо медиумско внимание поради нејзината наводна љубовна врска со поранешниот словенечки политичар и екс-министер за транспорт, Патрик Влашиќ. Меѓу другото, во јавноста се појави фотографија на која се гушкаат на луксузна јахта, која била во сопственост на бизнисменот Рајко Хрватиќ.
Двојката подоцна ги демантираше гласините дека се пар, велејќи дека нивната врска е главно многу добро пријателство.
Убавите девојки сакаат „лоши момци“, па уште и ако се мучичари! Јан Плештењак важи за еден од најпосакуваните мажи на словенечката музичка сцена, а неговото срце во минатото го стопли и Тина Габер.
View this post on Instagram
Двојката неколку месеци уживаше во заедница, а за Плештењак се вели дека толку многу се заљубил во манекенката што наводно дури и клекнал на колена пред неа и ја запросил! Сепак, свадбените ѕвона никогаш не заѕвониле, како што љубовта брзо процвета, така брзо и умре.
Додека Тина Габер внимателно ги криеше повеќето од нејзините љубовни врски од очите на јавноста, поинаку беше во случајот со Клемно Николети. Габер редовно објавуваше детали од нивниот заеднички живот на социјалните мрежи и постојано истакнуваше дека е многу горда на Клемно.
Николети стана познат ширум Словенија како партнер на Мајберт Фарма, која обезбедуваше тестови за масовно тестирање за време на епидемијата на коронавирус. Тина и Клемен раскинаа по две години.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
„Веќе некое време бев во сериозна врска, која ја крунисавме со свршувачка минатата есен“, изјави Тина Габер за словенечки Журнал во јуни 2020 година. Таа никогаш не го открила својот вереник во јавноста, но не е тајна дека во тоа време нејзиниот кревет го местел и разместувал прилично богат бизнисмен од Монте Карло.
И Габер поради оваа љубов се пресели во Кнежеството Монако, но тоа повторно не траеше долго.
Дали сега со Роберт Голоб ќе биде поинаку?
View this post on Instagram