7.8 C
Скопје
19:48 - 31 март, 2026

(Фото) Која е албанската манекенка Ерјона Сулејмани, која помина низ бурен развод поради изјавата што ја даде за сексуалниот живот на фудбалерите

Албанската манекенка и инфлуенсерка Ерјона Сулејмани е родена на 14 декември 1987 година во Скадар, Албанија.

Нејзиното семејство ја напуштило Албанија и се преселило во Италија кога Ерјона била девојче, поради војната и политичките превирања на Балканот. Во интервјуата, таа зборуваше за траумите од детството – за растењето во воени услови и како тие претходни трауми ја обликувале нејзината личност.

Instagram

Сулејмани се афирмираше како модел и инфлуенсерка, а на социјалните мрежи ја следат 488 илјади луѓе.

Ерјона беше во брак со фудбалерот Блерим Џемаили од 2015 до 2017 година. Двојката има син по име Луан, роден во 2015 година.

Instagram

Нивниот развод беше бурен и јавно коментиран. Една значајна епизода беше нејзината изјава што ја даде за италијанската телевизија за сексуалниот живот на фудбалерите. Тогаш изјави дека „фудбалерите не се големи љубовници, тие претпочитаат да го прават тоа сами“. Изјавата предизвика бес и се смета за еден од предизвикувачите на нивните проблеми во бракот. Според abcnews.al, причината за распадот на нивниот брак била и нејзината втора страст – социјалните мрежи, каде што објавувала провокативни објави, што не му одговарало на нејзиниот сопруг во тоа време.

Instagram

Во подоцнежните интервјуа, таа изјави дека денес го почитува својот поранешен сопруг, но дека меѓу нив повеќе нема романтична љубов, пишува Dnevnik.hr.

Instagram

Слични објави

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо

Најдобар рецепт за солени фритули со јогурт – совршени се како ужина или прилог

Еспресо

„Ален немаше што да јаде кога Бреговиќ го избрка“: Мили ја откри вистината…

Еспресо

Сале Тропико доживеал мозочен удар додека бил со децата

Еспресо
Се вчитува....