7.8 C
Скопје
20:49 - 1 април, 2026

(Фото) Ќерката на Хајди Клум „жари и пали“ на италијанските плажи: Но кое е нејзиното момче што страсно ја бакнува?

Манекенката Лени Клум (19), ќерка на германскиот супермодел Хајди Клум, е забележана облечена во минијатурни бикини на плажа. Девојката го поминува времето со својот партнер Арис Рачевски во клуб на плажата Твига во Форте деи Марми, Италија.

принтскрин
принтскрин

Лени ја покажа својата заносна фигура во кафено бикини, кое се состоеше од триаголен горен дел и танга. Младата ѕвезда на модната писта го комплетираше својот изглед со црни очила за сонце.

принтскрин

Нејзиното момче пак, носеше сини гаќички за капење и сребрен синџир, а во преден план е неговата тетоважа на раката. Папраците ги уловиле како страсно се гушкаат во вода.

Фановите на Клум се прашуваат кој е Арис Рачевски? Тој е роден во Калифорнија од Реа Рачевски, коосновач на креативната агенција Early Morning Riot, во 2003 година. Според неговата Фејсбук страница, тој продолжил да студира на Универзитетот Харвард. Не може да се дознае многу повеќе за него од неговиот Инстаграм профил; објавил само шест објави, иако тоа било доволно за да собере повеќе од 38.000 следбеници. Според американските медиуми, Рачевски изгледа дека се откажал од глумата откако се појавил во мала улога во филмор Dirty од 2016 година. Од она што можат да го забележат фановите, во последно време поголемиот дел од времето го поминува играјќи хокеј и пазарувајќи со Клум.

Да потсетиме дека Лени е ќерка на 50-годишниот германски супермодел Хајди Клум и 73-годишниот италијански бизнисмен Флавио Бријаторе, иако нејзиниот поранешен очув, британскиот пејач Сил, ја посвоил пред многу години.

Дебито на Лени во манекенската кариера се случи на 16-годишна возраст, кога таа, заедно со нејзината ѕвезда-мајка, ја красеше насловната страница на Вог Германија, публикација од родната земја на Хајди.

 

Слични објави

Полната Месечина на 2 април носи пресврт – што го очекува вашиот хороскопски знак?

Т.Ц.

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.

„Ми недостигаат нашите гушкања“ – Се разоткрија флерт-пораките на принцот Хари со новинарката

Т.Ц.

Живее во Монако, заработува на Балканот! Ова се тајните бизниси на свршеникот-милионер на Мелина Џиновик

Еспресо

(Видео) Дамјан Стојаноски објави снимка од детството – на две години настапил со татко му Војо во Универзална сала

Еспресо

Огњен Амиџиќ за состојбата на Зорица Брунцлик: „Сакам да помине што побезболно!“

Еспресо
Се вчитува....