13:39 - 4 ноември, 2026

(Фото) Кејт Мидлтон „уловена“ како оди во црква: „Ќе направам сè што можам за да се ослободам од ракот“

42-годишната принцеза Кетрин од Велс ја посети црквата Крејти Кирк во Балморал со принцот Вилијам, кралот Чарлс и кралицата Камила. Ова беше нејзино прво појавување во јавноста откако објави дека завршила со хемотерапијата, пишува Дејли Мејл.

Кејт седна на совозачкото седиште во автомобилот на нејзиниот сопруг, носејќи една од нејзините омилени капи, кои идната кралица веќе ги носеше на црковните служби, вклучувајќи го и Божиќ.

Вилијам уште еднаш се појави пред фотоапаратите на фотографите со небричено лице, кое првпат го покажа минатиот месец.

По деветмесечната битка со ракот, кој на принцезата од Велс ѝ беше дијагностициран по операцијата на стомакот во јануари оваа година, Кетрин полека се враќа на своите кралски обврски.

За да го објави крајот на хемотерапијата, принцезата од Велс претстави триминутно видео кое многу кралски набљудувачи го нарекоа многу лично. Во него, таа зборува за своето патување до закрепнување, а покажува и семејна снимка од нејзиниот сопруг, трите деца и нејзините родители.

Кејт рече дека ќе се врати на работа и ќе направи „уште неколку јавни настани во наредните месеци“, но нејзиниот фокус е на „да направам се што можам за да се ослободам од ракот“.

Слични објави

(Фото) Роденденската прослава продолжи – познатата босанска инфлуенсерка направи журка во Токио за 42. роденден

Еспресо

Оливер Мандиќ изградил рај на Тара, 4 луксузни куќи од 450 квадратни метри и мост – империја вредна милиони

Еспресо

Викторија Лоба: Многу сум емотивна и ранлива, а некои мислат дека сум арогантна и недопирлива

Еспресо

Цеца Ражњатовиќ започна нов бизнис: Регистрираше фарма и кланица на својата адреса, а фирмата ги има и првите минуси

E.A.

Естетиката на Југославија во 70-тите — предмети што будат силна носталгија за минатото време

E.A.

Хороскоп за 4 ноември: Ракови, не влегувајте во конфликти со оние кои имаат нешто против вас

Еспресо
Се вчитува....