08:58 - 13 ноември, 2026

(Фото) Карлеуша од глава до пети во „Гучи“, од вкупната цифра ќе ви се сврти во главата!

Српската поп пејачка Јелена Карлеуша се појавила на промоцијата на новиот албум на Сека Алексиќ, а со својот стајлинг повторно успеала да ги привлече сите погледи, за кој потрошила 10.000 евра.

Со впечатливото модно издание ги оставила присутните без здив, а посебно внимание привлекол фактот што од глава до пети била облечена во луксузни парчиња од познатиот италијански бренд „Гучи“.

За оваа пригода, Карлеуша избрала јакна вредна дури 3.200 евра, а само хулахопките со дезен со логото на „Гучи“ чинат околу 210 евра. Остатокот од стајлингот не бил помалку луксузен, па на нозете имала чизми до колена од „Гучи“, чија цена се проценува на околу 2.300 евра.

Посебен детаљ била и цврстата мини-чанта „Гучи“, во форма на мал куфер, со препознатливиот „GG“ дезен и златни додатоци. Слични модели на овој луксузен бренд достигнуваат цена од 2.500 до 3.500 евра.

Дека ниту модните додатоци не биле случаен избор, таа покажала и со црните очила за сонце „Гучи“ со широка, впечатлива рамка, чија цена за слични модели се движи помеѓу 500 и 650 евра.

Кога ќе се соберат проценетите цени на сите споменати парчиња, износот е од 8.710 до 9.860 евра. Сепак, конечната сума зависи од точните модели и нивните малопродажни цени.

Јелена уште еднаш покажа дека не ги следи слепо модните трендови, туку гради свој, препознатлив стил во кој луксузните парчиња, смелите детали и гламурот совршено се вклопуваат.

Processed with VSCO with dog1 preset

Сè на сè, стилот на Карлеуша вреди мало богатство!

Јакната, чизмите, чантата, очилата и хеланките достигнуваат вкупна проценета вредност од дури 9.860 евра, односно речиси 10.000 евра, а поп-дивата уште еднаш покажа дека не штеди кога е во прашање модата.

Слични објави

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova

Петок 13. по третпат годинава — како еден обичен датум стана симбол на лоша среќа?

К.С.

(Фото) За ваква „бомба“ вреди да се даде илјадници евра: Сопругата на Пеѓа Јовановиќ доби подарок за кој многу жени сонуваат

Еспресо

„Покрај сопругата имам и љубовница“: Миле Китиќ јавно призна дека ја изневерува сопругата Марта Савиќ

Еспресо

(Фото) На синот на Вељко Ражнатовиќ во градинка му облекле здолниште – боксерот бесен реагираше: „Нема спас ни во малите места“

Еспресо

(Фото) „Ти недостасува внимание, мајсторе?“: Мина Костиќ жестоко му одговори на Ѓорѓе Давид откако тој го нарече Каспер дух!

Еспресо
Се вчитува....