08:58 - 13 ноември, 2026

(Фото) Синот на Брена тргна на пат со девојката: Фотографијата од лифтот привлече внимание, сите гледаат што има на рамото

Синот на Лепа Брена и Боба Живојиновиќ, Виктор Живојиновиќ, ужива во љубовта со Александра Гашиќ, а со новата објава на социјалните мрежи покажа како изгледаат нивните подготовки за заедничко патување.

Виктор Живојиновиќ сподели фотографија од лифтот каде што позира со избраничката Александра, додека околу нив се наредени куфери и патни торби. Сепак, вниманието не го привлече само вљубениот пар, туку и еден необичен детаљ што беше во кадарот.

На рамото на Виктор мирно седел домашниот миленик – папагалот, кој станал главна ѕвезда на нивното заедничко селфи.

Александра избрала лежерна облека за патувањето, а Виктор бил облечен во црна маица и црни карго панталони.

Иако не откриле каде се упатиле, судејќи според количината на багажот, двојката сериозно се подготвила за патувањето. Нивната симпатична објава го привлекла вниманието на следбениците, а папагалот на рамото на Виктор секако бил најнеобичниот детаљ на фотографијата.

Стан со прекрасен поглед

Виктор веќе некое време ужива во врска со Александра Гашиќ, која неодамна се преселила во неговиот стан од 700.000 евра во Нов Белград.

Неговиот дом се наоѓа на 40-тиот кат, а наследникот на Брена повеќепати сподели снимки од станот на Инстаграм. Александра е многу активна на Инстаграм, но неодамна се соочи со негативни коментари поврзани со нејзиниот физички изглед, бидејќи многумина коментираа дека изгледа поинаку на Инстаграм отколку во реалниот живот.

– Нему сум му најдобра. И да, моето момче многу убаво готви, па добив малку плус килограми, немојте да сте толку строги. Тој избра – напишала Александра.

Ја продадоа вилата во Мајами за 14,2 милиони

Лепа Брена и Слободан Боба Живојиновиќ официјално ја продадоа својата ексклузивна недвижност во Мајами, кој се наоѓа веднаш до брегот на Атлантскиот Океан. Со години, оваа вила се сметаше за една од најатрактивните недвижности во нивна сопственост, а продажбата конечно беше реализирана по неколку години огласување, дознава „Слободна Далмација“.

Лепа Брена и Боба Живојиновиќ првично ја огласувале луксузната вила по цена од 16,9 милиони долари.

Меѓутоа, следувала корекција на цената на 14,6 милиони долари, така што куќата на крајот добила нов сопственик за 14,2 милиони долари. Продажбата е официјално завршена, со оглед на тоа што вилата повеќе не е во понудите на реномирани агенции за продажба на луксузни недвижности.

 

Слични објави

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova

Петок 13. по третпат годинава — како еден обичен датум стана симбол на лоша среќа?

К.С.

(Фото) За ваква „бомба“ вреди да се даде илјадници евра: Сопругата на Пеѓа Јовановиќ доби подарок за кој многу жени сонуваат

Еспресо

„Покрај сопругата имам и љубовница“: Миле Китиќ јавно призна дека ја изневерува сопругата Марта Савиќ

Еспресо

(Фото) На синот на Вељко Ражнатовиќ во градинка му облекле здолниште – боксерот бесен реагираше: „Нема спас ни во малите места“

Еспресо

(Фото) „Ти недостасува внимание, мајсторе?“: Мина Костиќ жестоко му одговори на Ѓорѓе Давид откако тој го нарече Каспер дух!

Еспресо
Се вчитува....