08:58 - 13 ноември, 2026

Гоца Тржан се присети на дружењето со Тоше Проески: „Имав голема среќа токму со мене да го сними својот прв дует“

Гоца Тржан и Тоше Проески во далечната 2001 година го снимија познатиот дует „1200 милји“, кој и ден-денес е актуелен.

Интересно е што ова беше првиот дует на Тоше, а Гоца и денес се сеќава на моментот кога првпат го видела.

„Стои некое момченце на сцената и пее, ние го гледаме, а тој пее со насмевка. Беше толку слаток, веднаш реков: ‘Овој малиов растура’“, раскажа Гоца во поткаст, додавајќи:

„Малечок, одличен си, многу ми е мило што те запознав, се гледаме во Нови Сад, ќе дојдеш да го испееме дуетот.“

„Снимав во студио во Нови Сад и побарав да ми направат песна што ќе има македонски ритам и што ќе биде наменски создадена за мене и за еден млад Македонец. Текстот тогаш ми го напиша покојната Жана, која ги напиша и песните ‘Стоперка’, ‘Не памтим’, ‘Достана’…“, раскажа таа, додавајќи дека веднаш се договориле песната „1200 милји“ да ја снимат и за македонскиот пазар.

„Тоше повторно дојде во Нови Сад, ја снимивме песната, отидовме да јадеме, се шегувавме, ги имам тие фотографии. Ја испеавме песната во двете верзии, а по неколку месеци го снимивме и видеоспотот и тоа беше вистински бум. Имав голема среќа токму јас да бидам првата со која го сними својот дует. Прекрасно соработувавме. Тој беше амбициозно момче, а кога станува збор за музикалноста, беше генијален. Многу ја сакаше сцената, сакаше сите да го гледаат.“

Пејачката се присети и на тоа како се забавувале во слободното време.

„Дојде на снимањето на спотот со пет манекенки, па ние двајцата правевме тактика која девојка како да ја ‘смува’. Беше многу забавно, беше склон кон флертување и така се однесуваше и на сцената. Беше сензуален, а тоа му даваше мекост и на неговиот глас“, раскажа Гоца.

Освен тоа, таа не крие дека му се восхитувала на неговата дарба.

„Многу ја сакам неговата македонска музика. Ја преслушував ‘Игри без граници’, но македонската верзија ми е многу подобра. Имав впечаток дека беше поавтентичен кога пееше на македонски. Секогаш кога ја пеам таа песна, ја пеам на македонски, бидејќи така има најголема сила. Никогаш нема да ја заборавам ни неговата изведба на песната ‘Зајди, зајди’, бидејќи мислам дека по неговата изведба никој друг не би требало да се осмели да ја пее. Никогаш не сум се осмелила да ја пеам таа песна во Македонија, не затоа што не ја сакам, туку затоа што мислам дека не умеам да ја испеам онака како што бара таа песна“, рече таа.

„Беше неверојатно талентиран, го сакаше животот и луѓето, но во себе имаше некаква срамежливост. Беше чуден, имаше некаква срамежливост, а истовремено и желба да биде забележан. Сите ние што се занимаваме со оваа професија мора да имаме одредени противречности во себе за да стигнеме до нешто“, заклучи пејачката.

Слични објави

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova

Петок 13. по третпат годинава — како еден обичен датум стана симбол на лоша среќа?

К.С.

(Фото) За ваква „бомба“ вреди да се даде илјадници евра: Сопругата на Пеѓа Јовановиќ доби подарок за кој многу жени сонуваат

Еспресо

„Покрај сопругата имам и љубовница“: Миле Китиќ јавно призна дека ја изневерува сопругата Марта Савиќ

Еспресо

(Фото) На синот на Вељко Ражнатовиќ во градинка му облекле здолниште – боксерот бесен реагираше: „Нема спас ни во малите места“

Еспресо

(Фото) „Ти недостасува внимание, мајсторе?“: Мина Костиќ жестоко му одговори на Ѓорѓе Давид откако тој го нарече Каспер дух!

Еспресо
Се вчитува....