4.8 C
Скопје
09:59 - 26 декември, 2024

(Фото) Каква убавина! Ѕирнете во апартманот што Петар Грашо го купи на Јахорина: Зимска идила со поглед на борова шума

Instagram

Петар Грашо купи апартман на на олимписката убавица, Јахорина, Сараево е на 20 минути возење, а тој, како што вели, секогаш се чувствува убаво во тој град.

Петар Грашо смислено инвестира во туризмот и стана сопственик на луксузен апартман на Јахорина во комплекс лоциран на околу стотина метри од скијачката патека и со поглед на густа борова шума на нешто повеќе од 1.500 метри надморска височина. Многу познати имиња од регионалната спортска и уметничка сцена веќе резервирале станови во истиот комплекс.

Како дестинација, Јахорина е рангирана покрај најпрестижните европски скијачки центри во изминатите десет години со својата угостителска понуда, скијачки патеки и инфраструктурни капацитети. Доживеа бум во продажба и изнајмување на недвижности, па не е чудно што стана магнет за познати личности од целиот регион.

Новата викендица на Грашо се наоѓа во ексклузивниот комплекс Монтера, инвестиција вредна најмалку 15 милиони евра. Токму во Термаг, Грашо ќе одржи концерт на 27 јануари следната година.

– Јахорина ја сакаат сите бидејќи е извор на гостопримство, позитивна енергија и добра забава за целиот регион. Поради близината кон неа гравитираат многу Далматинци и Загребчани, а таму често гледам драги пријатели и од Словенија, БиХ и Србија. Цел живот скијам во Западна Европа, а станот во Јахорина не го купив само за скијање, туку затоа што е гаранција за мир и автентична зимска идила. Дополнително, Јахорина е блиску без разлика дали пристигнувам од Сплит или од Загреб. Природата е недопрена, инфраструктурата е квалитна, па дестинацијата во суштина го нуди истото како скијачките центри низ цела Европа, само со повеќе мир, што е идеално за семеен одмор. На крајот на краиштата, Сараево е исто така на 20 минути возење, а јас секогаш се чувствувам убаво и добредојдено во тој град“, објасни Грашо и откри дека негов сосед на Јахорина ќе биде неговиот кум Томаж Кавчиќ, најпочитуваниот словенечки готвач и сопственик на ресторан.

Инаку, не може да се пронајде цената на апартманот во Монтера, но јавно достапните информации говорат дека квадрат се движи меѓу 2.700 и 4.000 евра.

Според медиумите, станува збор за „невиден станбен комплекс на овие простори, кој е изграден според највисоките архитектонски, проектантски и технолошки стандарди“.

(Фото) Вака изгледа станот на Аца Лукас вреден над половина милион евра: За да го купи, позајмил пари од Саша Поповиќ

Слични објави

„Рампата беше спуштена, само рекоа…“: Гога раскажа сè за синоќешното приведување на границата со Хрватска

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ го честиташе Божиќ: Ѕирнете во празничната идила во домот на пејачката!

Еспресо

Хороскоп за 26 декември: Скорпијата ќе добие нова шанса, Лавот ќе доби одлични вести од странство

Еспресо

Приведена Гога Секулиќ: Сè се случило на границата со Хрватска, со неа бил и нејзин колега

Еспресо

„Секогаш ќе ми бидеш прво дете…“: Саша Ковачевиќ со емотивна објава покажа кој му е најважен на светот

Еспресо

(Фото) Адам Лабунски објави слики со ќерката Хана: „Моето мало девојче“

Еспресо
Се вчитува....