18.8 C
Скопје
17:08 - 24 октомври, 2026

(Фото) Каков имот има Милош Биковиќ, ќе ви се сврти во памет: Ова е рај на Земјата, а близу е до братот кој е монах

Причината поради која го купил имотот на ова место е затоа што манастирот во кој се наоѓа неговиот брат Михаило е многу блиску.

Актерот Милош Биковиќ, кој доби син со избраничката Ивана Малиќ, пред неколку години купи имот во едно село во Србија.

Овој имот се наоѓа во близина на Ваљево, кој е оддалечен 40 километри од манастирот Јованја, каде што неговиот постар брат монах Миахило е старешина.

Бидејќи имотот бил прилично запоставен во моментот кога го купил, актерот прво морал да го исчисти и да го прилагоди за нормално функционирање.

– Тука, позади, имаше и стара земјена куќа која сакав да ја спасам, но немаше помош, беше целосно искривена и за жал, беше подобро да ја срушам, отколку да се урне кога таа ќе посака – рече Биковиќ своевремено кога гостуваше во Тв емисијата „ТВ лица како и целиот нормален свет“.

Причината поради која го купил имотот на ова место е затоа што манастирот во кој живее неговиот брат Михаило е многу блиску:

– Релативно е блиску до манастирот на брат ми и има некои пријатели што ги познава овде, кои дознале дека овој имот се продава и ми јавија. Јас тогаш реков: „О, чекај, ова е блиску до Белград, можам да бидам таму за помалку од еден час“, а понудата исто така беше добра. А всушност сега почесто се гледаме кај него во манастирот или во Белград. Можеби еднаш бевме заедно овде – рекол актерот.

принтскрин/youtube/RTS
принтскрин/youtube/RTS
принтскрин/youtube/RTS

Биковиќ потоа покажа како изгледа неговата новоизградена викендица, и дека решил таму да го задржи стариот мебел што го нашол. Откри и дека наполнил голема дупка со шут, а поради змиите кои ги имало многу, посипал и хлор.

Слични објави

„Нема утеха“, песната со која Александра Пилева го освои „Макфест“: „Секојпат кога ја пеам ме обземаат емоции“

Т.Ц.

Сузана Манчиќ го продала станот во Белград за 500.000 евра: Соседите ги откриле сите детали

Еспресо

„Оживеав, не би му го посакала тоа на никого“: Емотивната исповед на Мина Костиќ за лекувањето во психијатарската установа

Еспресо

Барате квалитетна клуб маса? Искористете ги октомвриските попусти во Wood room

Еспресо

(Фото) Алекса Балашевиќ сподели глетка што ги топи срцата: Малата Вера не го пушта братчето од прегратки

Еспресо

Заборавете на миризливите свеќи — со овој едноставен трик домот ќе ви мириса на есен

К.С.
Се вчитува....