15.8 C
Скопје
11:05 - 9 октомври, 2026

(Фото) Јелена Спенџарска ужива во Бодрум — позира во бикини и порача дека патувањата ѝ носат „нова перспектива“

Македонската водителка Јелена Спенџарска ги искористи последните летни денови за одмор во Турција, а дел од атмосферата од Бодрум ја сподели со своите следбеници на социјалните мрежи.

Таа објави серија фотографии и видеа од своето патување, на кои може да се забележи како ужива во луксузниот ресорт, плови со брод и се забавува на вечерните забави.

Освен идиличните кадри од популарното турско летувалиште, Спенџарска сподели и размислување за тоа што за неа значат патувањата и новите искуства.

„Најубавиот магнет од секое патување е нова перспектива!

Уау! Колку ме погоди оваа реченица. Нова перспектива, ново разбирање на светот, нов поглед на она што е нормално или правилно, нова верзија од себе за која не си знаела дека постои во твојата домашна зона, нова страст за животот, нова енергија и нова сила да се она што следува понатаму“, напиша таа.

На дел од фотографиите водителката позира во неколку различни костими за капење, покажувајќи ја својата витка фигура, додека на други ги доловува морето, сончевите денови и вечерната атмосфера во Бодрум.

Спенџарска и претходно отворено зборувала на социјалните мрежи за своите навики поврзани со исхраната и физичката активност. Таа редовно трча и вежба во теретана, а споделувала и дека внимава на исхраната и внесот на калории.

Слични објави

Прекрасна љубовна приказна на Александра Пилева за запознавањето со сопругот: „Јас сакам да те оженам“

Еспресо

(Фото) Дрвени маси и друг мебел од полно дрво достапни по набавни цени во салонот на Wood room во ГТЦ

Еспресо

Слатко задоволство со мирис на есен— крцкави штрудли со јаболка и цимет, готови за половина час

К.С.

(Видео) Калиопи откри што направила со необјавената песна со Тоше Проески: „Ја ставив во неговиот ковчег, таа си замина со него“

К.С.

Хороскоп за 9 октомври: Биковите ќе ги покажат своите способности на работното место

Еспресо

(Видео) Вики Миљковиќ и Десингерица ги изненадија обожавателите – запејаа на овој хит од 90-тите

Еспресо
Се вчитува....