11:39 - 4 април, 2026

(Фото) Ирина Шајк и Леонардо ди Каприо пак „уловени“ во пар: Само 24 часа по првите фотки од ѕвездената двојка, заедно на нов настан

Помалку од 24 часа откако беа забележани на забавата на Коачела, Леонардо ди Каприо и Ирина Шајк се се уловени заедно по вторпат на настапот на Френк Оушн во неделата навечер.

Рускиот супермодел Ирина Шајк повторно е видена во друштво на холивудскиот актер Леонардо ди Каприо, пренесува Пејџ сикс.

Ирина Шајк и Леонардо ди Каприо беа забележани на концертот на музичарот Френк Оушн. „Уловени“ се како  ја слушаат музиката на уметникот и танцуваат еден до друг во толпата други гости на настанот.

Минатата недела Ирина Шајк беше забележана на фестивалот Коачела во друштво на Леонардо ди Каприо. Манекенката и холивудската ѕвезда беа присутни на настанот наречен Levi and Tequila Don Julio’s Neon Carnival, каде дојдоа вечерта во саботата на 15 април. Тие ја напуштија забавата сами, двајцата заедно, во неделата рано наутро, на 16 април. Во групата познати личности, во чие друштво беа видени во текот на забавата Ирина Шајк и Леонардо ди Каприо, беше и манекенката Стела Максвел, која важи за стара пријателка на актерот.

Слични објави

Јаков Јозиновиќ го сруши рекордот на Чола – не запира, најави нови концерти во Белград!

К.С.

Хороскоп за 4 април: Биковите освојуваат од старт, Овните имаат сè

Еспресо

(Фото) Сања Вучиќ го покажа своето момче, нивната голема љубов е очигледна

Еспресо

(Фото) Го покажа трудничкиот стомак во чипкан градник и гаќички – Едита заводливо позира во 6-иот месец од бременоста

Еспресо

„Двоен празник, добро во лошо“: Ела Дворник откри необичен договор за децата по разводот со Чарлс

Еспресо

Карлеуша повторно фатена во лага – Композиторот Мили ги демантираше нејзините тврдења за хитот „Вретено“

E.A.
Се вчитува....