01:15 - 12 ноември, 2026

(Фото) Ирина Дишо и Павле Камилоски на Галичка свадба: „Таа е мостот што ги поврзува минатото и иднината“

Викендов се одржува Галичка свадба. Гaличник ги собира сите љубители на традицијата од секој крај на земјава, но и бројни туристи да сведочат пред големиот чин, крунисувањето на љубовта на годинашните зет и невеста, Александар Пендароски (34) и Мартина Михајлова (30).

Популарната планинарка и инфлуенсерка Ирина Дишо, заедно со нејзиниот сопруг пејачот Павле Камилоски и нивите дечиња традиционално секоја година се дел од церемонијата.

 

Познато е за јавноста дека Павле има галичко потекло и за нивното семејство Галичката свадба има големо значање и од емотивни побуди.

Ирина сподели преубави фотографии од нив четворица, од преубавиот амбиент, а малите Јосиф и Лена облечени во носии се претопија во средината. Браво за мама и тато што уште од најрана возраст се обидуваат да им ја всадат љубовта кон традицијата на нивните деца.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Irina Kamiloska (@irinadisho)

 „Галичка свадба 2026. Таа е мостот што ги поврзува минатото и иднината. А јас сум тука да ја негувам и пренесам традицијата на моите поколенија“ – напиша Дишо на објава на Инстаграм.

 

За кратко време собра преку 2.000 срциња и бројни убави коментари.

„За сите вие коишто не успеавте да дојдете на Галичник, следете ме во текот на денот ќе споделувам како тече церемонијата. Иако, сметам дека секој барем еднаш треба да ја посети Галилка свадба“, вели таа.

 

 

 

 

Слични објави

Ѓоле Ѓогани за почетоците со Слаѓа Делибашиќ: „Не ни помислив дека ќе ми биде сопруга, а од татко ѝ се препортував“

Е.А.

Слобода Миќаловиќ за тајната на 17-годишниот брак со Војин Ќетковиќ: „Луѓето денес го изгубија смислот за љубов, приматот го зедоа парите и социјалните мрежи“

Е.А.

Битка за вилата вредна 1,7 милиони евра – Николина Пишек мора да му исплати стотици илјади евра на свекорот Миша Гроф

Еспресо

(Фото) Семејно бегство на северот на Европа: Жељко Бебек со сопругата и ќерката во посебна авантура

Еспресо

„Многу сум си горда на себе“ — Јелена Спенџарска од Брисел за трудот и критиките зад објавите на Инстаграм

К.С.

Додека ужива со 70-годишниот милионер, Мелина Џиновиќ откри дали планира трето дете

Еспресо
Се вчитува....