12:37 - 9 април, 2026

(Фото) Ирена Спировска во ултра мини на посебен настан, изгледа многу помладо

Ирена Спировска се појавила во своето најсексапилно издание досега на концерт, во друштво на пријателки. Верувале или не, таа на 25 јуни ќе наполни 52 години.

Водителката која со години важи за една од најубавите жени во јавноста кај нас, била на концерт кај пејачот Јоце Панов, а сликата во ултра мини во друштво на пријателки ја објавила од салата на Филхармонија каде што се одржал овој концерт.

Фото/Инстаграм

Ирена потоа споделила снимки од концертот на кој очигледно убаво си поминала. За себеси, таа зборуваше во едно интервју за „Слободен печат“.

-Јас завршив средно медицинско училиште, отсек забни техничари, и токму еден од професорите чија сопруга беше просветен работник, во една пригода ни обрна внимание на тоа колку изборот на професијата влијае врз начинот на кој ќе го живееме животот. Тој беше убеден дека неговата сопруга има една од најубавите професии што може да ги работи една жена, а тоа е учителка.

Тоа ме поттикна да размислувам кои професии би сакала да ги работам. Иако се одлучив да студирам книжевност и македонски јазик со желба да бидам просветен работник, сепак, станав ТВ-водител, што значи дека понекогаш професијата нè избира нас, а не ние неа-изјави Ирена.

 

Слични објави

(Фото) Во гламур и бела естетика: Аделина Тахири го одбележа 35. роденден со невообичаена роденденска „торта“

Еспресо

Неверојатно – вака изгледа Анастасија Ражнатовиќ без шминка 

E.A.

Анѓелка Прпиќ со сопругот Марко уживаат за сите пари – „Убави гулапчиња“

E.A.

Одев во полско веце и се капев надвор: Александар Динев искрено за сиромашното детство

Еспресо

Сања за болниот период – „Лекарите ми рекоа дека мајка ми се разболела пред татко ми…“

E.A.

Мистична и заводлива: Елена Ристеска со нова провокативна фотосесија

Еспресо
Се вчитува....