3.8 C
Скопје
21:38 - 20 декември, 2024

(ФОТО) ИНСПИРАТИВНО: Џејмс Аскит е најмладиот човек кој го пропатувал светот за само 6 години

Џејмс Аскит

Британецот Џејмс Аскит е најмладиот човек во светот кој го пропатувал целиот свет. Овој Гинисов рекордер не е човек што се задржува на едно место, долго време, пренесува „euronews“.

И додека на почетокот на 2021 година поголемиот дел од светот беше во карантин, Џејмс го прославувал својот роденден во Дубаи. Непосредно пред тоа, тој бил на деловни патувања Париз, Франкфурт и Јужна Африка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by James Asquith (@jamesasquith)

„Имав 24 години кога ги посетив сите земји во светот. Ми требаа 6 години, без никаква трка со времето“, признал Џејмс и открил дека оваа приказна започнала по неговата прва година на факултет.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by James Asquith (@jamesasquith)

„Отидов со мојот најдобар пријател во Југоисточна Азија да волонтирам. Градевме куќи. Немавме поим што правиме, но дававме сè од себе. Тоа беше моето прво искуство со подалечно патување“, открива тој.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by James Asquith (@jamesasquith)

Џејмс, кој потоа се вратил во Лондон на својата втора година на колеџ, сфатил дека повеќе не може да размислува за ништо друго. Веднаш се упатил кон аеродромот и така започнало сè. Истото го повторил и во третата година, а подоцна, кога се вработил, имал среќа бидејќи директорот бил пријателски настроен и му дозволил да продолжи да оди на патувања.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by James Asquith (@jamesasquith)

„Некои земји беа надвор од мојот ранг. На пример Судан. Потоа трпеливо чекав да почнам да заработувам повеќе“, вели Аскит.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by James Asquith (@jamesasquith)

Сега има 32 години и признава дека му е драго што почнал да патува низ светот уште како студент.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by James Asquith (@jamesasquith)

„Моето семејство немаше никаква врска со тоа. Не бевме сиромашни, но едноставно не можевме да си го дозволиме сето тоа. Заработував пари насекаде. Перев автомобили, дури и дував балони и така штедев пари. Сето тоа го правев сам, без никакви спонзори. Сакав да покажам дека тоа може да се направи“, вели тој.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by James Asquith (@jamesasquith)

На прашањето кое место му оставило најголем впечаток, Џејмс вели дека тоа се Египет и Виетнам.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by James Asquith (@jamesasquith)

„Египет затоа што тоа беше моето прво соло патување, а Виетнам затоа што таму ги направив првите грешки како патник. А кои, тоа е веќе тајна“, раскажува Џејмс.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by James Asquith (@jamesasquith)

Пред Џејмс, најмладиот човек кој го пропатувал целиот свет имал 37 години.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by James Asquith (@jamesasquith)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by James Asquith (@jamesasquith)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by James Asquith (@jamesasquith)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by James Asquith (@jamesasquith)

Слични објави

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо

Разоткриен просекот на оценките на Јована Јеремиќ од факултет: Сакам да ги нервирам квазиинтелектуалците

Еспресо
Се вчитува....