7.8 C
Скопје
10:03 - 1 април, 2026

(ФОТО) „ИМАЛ 130 КИЛОГРАМИ И ЈАДЕЛ БРЗА ХРАНА“: Фит момчето на Бритни Спирс има проблем со вишок килограми

Сем Асгари и е познат на јавноста од 2016 година, кога се дозна дека е во врска со Бритни Спирс , а згодниот тренер некогаш изгледал сосема поинаку. Освен што е вереник на поп-ѕвездата Бритни Спирс, тој е познат и по своето неверојатно извајано тело, со кое обожава да се пофали на својот инстаграм – профил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sam Asghari (@samasghari)

Јавноста го запозна и како мускулест личен тренер, а иако денес е тешко да се поверува во тоа, Сем во минатото долго време се борел со вишокот килограми.

Пресврт беше кога во 2013 година стигнал до 130 килограми, за што своевремено зборуваше за магазинот „Men’s Health“ и призна дека дотогаш живеел од брза храна и воопшто не вежбал.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sam Asghari (@samasghari)

По напорниот труд, деновите поминати во теретана и креирањето на здрав начин на живот Сем постојано се фали со неговиот фит изглед на социјалните мрежи и е горд на својот успех.

Бритни го запознала 12 години помладиот Сем додека го снимала спотот за песната „Slumber Party“, а тој наводно и го дал својот телефонски број веднаш по снимањето, но поминале пет месеци пред конечно да излезат на состанок.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sam Asghari (@samasghari)


Јавноста за нивната врска дозна во 2016 година, откако тој ја објави нивната прва заедничка фотографија на социјалните мрежи. Отпрвин се зборуваше дека тој е со Бритни само поради пари и слава, но тој остана со неа и во најтешките моменти и и беше огромна поддршка што донекаде ги замолкна злите јазици.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sam Asghari (@samasghari)

Сем во средината на септември реши да клекне пред Бритни, а подготовките за нивната венчавка се во тек. Колку ја сака својата свршеница, потврди и Сем кога ја искористи приликата јавно да и се заблагодари пред насобраните медиуми за се што направи за него на премиерата на филмот „Куќата на Гучи“ во Лос Анџелес, каде се појави без Бритни.

Слични објави

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо
Се вчитува....